Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Финасиска поддршка за спортски проекти во општина Центар, објавен јавен повик

Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на проекти и програмски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите заинтересирани да аплицираат за поддршка на спортските активности и афирмација на младите спортисти, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

– Спортот е основа за здрав живот на сите генерации, но, најмногу за правилен развој на нашата младина. Фокусот го ставаме токму на тоа – на поддршка и градење на тимскиот дух кај младите и нивното физичко и ментално здравје, се истакнува во пишаната изјава на градоначалникот.

Од локалната самоуправа појаснија дека проектите што ќе конкурираат треба да содржат најмалку три од условите: да имаат стручни кадри, добро формулирани цели и очекувани ефекти, план за вклученост на заедницата и активности за стимулирање и афирмација на младите потенцијални спортисти-поединци во општината.

Реклама

– Право на учество имаат спортисти-поединци, спортски клубови, здруженија и институции со седиште во општина Центар, кои исполнуваат законски и административни критериуми. Рокот за поднесување на пријавите е десет дена од објавувањето на повикот. Пријавите може да се достават преку пошта или лично во Архивата на Општина Центар, нагласија од локалната самоуправа.

Повеќе детали на веб-страницата на Општина Центар.