Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за измама од речиси 750.000 евра и даночна штета од 9,5 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица и тоа против:

И.Ѓ. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за издавачка дејност, трговија и услуги ЗДЕНКА-КАБЛИ ВЛ ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела ИЗМАМА согласно член 247 став 4 в.в. со член 22 и член 45 од Кривичниот законик на Македонија, ФАЛСИФИКУВАЊЕ ИЛИ УНИШТУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИ КНИГИ согласно член 280 в.в. со член 22 и член 45 од Кривичниот законик на Македонија., ДАНОЧНА ИЗМАМА по чл.279-а ст.2 в.в. ст.1 од Кривичниот законик на Р.С.М., и ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ по член 279 ст. 2 в.в. ст.1 од Кривичниот законик на Македонија.

Против Р.Ѓ. поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела ИЗМАМА согласно член 247 став 4 в.в. со член 22 и член 45 од Кривичниот законик на Македонија и ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИ КНИГИ согласно член 280 в.в. со член 22 и член 45 од Кривичниот законик на Македонија.

Реклама

Против Д. Н. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела ДАНОЧНА ИЗМАМА по чл.279-а ст.1 со член 22 и член 45 од Кривичниот законик на Р.С.М. и ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ по член 279 ст. 2 в.в. ст.1 од Кривичниот законик на Македонија.

Против Друштво за издавачка дејност, трговија и услуги ЗДЕНКА-КАБЛИ ВЛ ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ чл.279 ст.1 в.в со ст. 4 од Кривичниот Законик на Р.С.М. и ДАНОЧНА ИЗМАМА чл. 279-а ст. 2 и 4 од Кривичниот Законик на Македонија.

Против Друштво за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело дела ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ чл.279 ст. 4 в.в. ст.1 од Кривичниот Законик на Македонија.

Првопријавениот И. Ѓ. во својство на сопственик и управител на правното лице ЗДЕНКА-КАБЛИ ВЛ ДООЕЛ Скопје и второпријавениот Р. Ѓ. со цел да се стекнат противправна имотна корист за себе, за четвртопријавениот правен субјект Друштво за издавачка дејност, трговија и услуги ЗДЕНКА-КАБЛИ ВЛ ДООЕЛ Скопје и за петопријавениот правен субјект Друштво за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје, во периодот од септември 2021 година до јуни 2022 година го довеле во заблуда правниот субјект Друштво со ограничена одговорност „Здружение за производство Енергокомплект“ од Република Белорусија, да склучи Договор за испорака на стока во вредност до 2.000.000 евра на начин што најнапред првопријавениот лажно се претставил преку мејл комуникација како лице со друг идентитет (управител на правниот субјект Друштво за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје) по име Б. Ј. иако таков управител не постои, по што заедно со второпријавениот Р. Ѓ. составиле и употребиле повеќе документи со невистинита содржина со што заеднички го довеле и држеле во заблуда правниот субјект Друштво со ограничена одговорност „Здружение за производство Енергокомплект“ претставувајќи го Друштвото за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје дека е солвентен и сериозен правен субјект со кој може да склучи договор, врз основа на што правниот субјект Друштво со ограничена одговорност „Здружение за производство Енергокомплект“ од Р. Белорусија им испорачувал производи – кабел и жица се до крај на месец јули 2022 година кога од страна на пријавените лица се прекинал секаков контакт и истите не ја платиле испорачаната стока.

Со ваквите дејствија првопријавениот И. Ѓ. и второпријавениот Р. Ѓ. се стекнале со противправна имотна корист за себе, за четвртопријавениот правен субјект Друштво за издавачка дејност, трговија и услуги ЗДЕНКА-КАБЛИ ВЛ ДООЕЛ Скопје и за петопријавениот правен субјект Друштво за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје при што му нанеле штета во висина на вредноста на доставената стока во износ од 747.249 евра, односно во денарска противвредност од 45.955.814 денари, а со тоа ги сториле кривичните дела ИЗМАМА согласно член 247 став 4 в.в. со член 22 и член 45 од Кривичниот законик на Македонија и ФАЛСИФИКУВАЊЕ ИЛИ УНИШТУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИ КНИГИ согласно член 280 в.в. со член 22 и член 45 од Кривичниот законик на Македонија.