Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Finance Think: Јавната потрошувачка и трговијата – главни двигатели на растот во третиот квартал

Зголемувањето на трговијата на големо и мало за 10.6% и јавната потрошувачка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемувањето на трговијата на големо и мало за 10.6% и јавната потрошувачка од 13.3%. Ова се главните двигатели на економскиот раст во третиот квартал. Премиерот Мицкоски објави дека по консолидирањето на буџетот, економијата тргнала напред и бил остварен раст од 3%. Од економскиот институт Фајненс Тинк анализираат дека забрзувањето на активностите е водено од благото забрзување на приватната потрошувачка од 1.9%, но и државните трошења од јули до септември. Увозот и извозот се на нула, по 5 последователни квартали или 15 месеци во негатива.

„Бруто инвестициите (0.6%), извозот (0%) и увозот (0%) стагнираат во третиот квартал, по падовите кои ги искусија низ целата 2023 и првото полугодие од 2024 година. На производната страна, растот во овој квартал е скоро во целост воден од трговијата (10.6%), како најголем сектор според номиналниот придонес кон додадената вредност, додека евидентен е падот на вториот по големина сектор, индустријата (-4.6%)“ – ИНСТИТУТ ЗА ЕКОНОМСКИ ИСТРАЖУВАЊА Finance Think

Фајненс Тинк наведува дека во третиот квартал инфлацијата се намалила на 2,6%. Дополнително биле креирани близу 7 илјади нови работни места, при што невработеноста благо се намалила на 12.3%.

Реклама

„Забележливо е дека најголем дел од работните места се создадени во земјоделството и индустријата, додека растот на додадената вредност во трговијата не е проследен со нови работни места, бидејќи таму бројот на работници е намален и во однос на претходниот квартал и во однос на истиот квартал од 2023-та“ – ИНСТИТУТ ЗА ЕКОНОМСКИ ИСТРАЖУВАЊА Finance Think.

Премиерот Мицкоски е задоволен од постигнатото во услови на сложени економски и геополитички прилики и слаби перформанси во првиот квартал за време на техничката влада. Тој посочи дека остварениот раст е еден од најголемите во Европа и на Балканот. Фајненс Тинк е на иста линија со Владата која очекува позитивната динамика на економијата да продолжи до крајот на 2024 година и во првите квартали од 2025 година. Токму предлог буџетот за наредната година ќе се најде на пленарна седница во Собранието утре. Се очекува жестока дебата за државната каса која тежи 6,5 милијарди евра, а предвидува рекордно ниво на капитални инвестиции од 800 милиони евра, проекти на општините и поддршка на стопанството, повеќе пари за зголемени пензии, плати во здравството и образованието, како и редовно услогласување на платите во администрацијата.