Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Финале од Европското средношколско дебатно првенство 2026 во организација на Младинскиот образовен форум

Во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар денеска ќе се одржи  финалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар денеска ќе се одржи  финалната рунда од натпреварите во дебата во рамки на Европското средношколско дебатно првенство во Скопје, кое го организира Младинскиот образовен форум (МОФ).

МОФ и Скопје од 28 февруари до 2 март се домаќини на првенството по дебата за средношколци во Европа. МОФ соопшти дека на првенството учествуваат над 300 дебатери, судии и дебатни тренери од 25 европски земји и дека настанот е значајна платформа за критичко размислување, демократски дијалог и меѓукултурно поврзување на младите од целиот континент.

Прелиминарните рунди од првенството беа организирани во СУГС „Орце Николов“ во првите два дена (28 февруари и 1 март), а  денеска е финалната рунда и е отворена за публика. На последниот ден од првенството посетителите ќе имаат можност да ги слушнат најуспешните млади дебатери од Европа во структурирана аргументирана расправа за актуелни глобални прашања.

Реклама

-Довербата МОФ да го организира Европското средношколско дебатно првенство 2026, а Скопје да биде негов домаќин, беше изгласана во летото 2024 година, кога македонската кандидатура доби мнозинска поддршка од европските делегации, во конкуренција со Милано. Оваа одлука претставува признание за капацитетот, искуството и стабилноста на македонската дебатна заедница, како и за посветената и темелна подготовка на тимот на МОФ. Горди сме што Скопје оваа година е центар на европската младинска дебата, бидејќи преку вакви настани младите ги развиваат своите вештини, учат да слушаат и аргументираат, ги почитуваат различните гледишта и активно придонесуваат кон поотворени и подемократски општества, велат од МОФ.