Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство, доказ дека нивните заложби за европска иднина се само декларативни

Министерството за правда соопшти дека поради отсуството на пратениците на СДСМ е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за правда соопшти дека поради отсуството на пратениците на СДСМ е одложена четвртата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, процес од кој директно зависи кредибилитетот на изборите и довербата на граѓаните.

Министерот за правда, Игор Филков информирал дека политичките партии доставиле дополнителни забелешки и коментари на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. На маса биле и предлозите на институциите кои се вклучени во изборниот процес, а со кои во изминатиов период Министерството за правда имала конструктивни средби – Државната изборна комисија, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата за администрација и независните граѓански иницијативи.

-Но, она што денес изостана е токму она што е најпотребно – политичка зрелост. Не може да зборуваме за фер и демократски избори, а истовремено да не учествуваме во процесот кој треба да ги обезбеди тие стандарди. Демократијата подразбира дијалог, компромис и заедничка одговорност. Денеска имавме  можност да го видиме вистинското лице на, за жал, изгубената политичка партија која што со низа погрешни потези водени од тесногради партиски интереси свесно ја блокира реформската агенда и го кочи европскиот напредок на државата. СДСМ избраа да не бидат дел од процесот во момент кога се носат суштински одлуки. Ова е доказ, дека нивните заложби за европска иднина се само декларативни, а реалноста е нешто сосема спротивно – потенцираше министерот за правда.

Реклама

Филков, се наведува во соопштението, посочил дека ова не е прв пат, СДСМ  вака да се однесува.

-Во Собранието го блокираа и клучниот реформски Закон за Јавното обвинителство, иако дел од нивните амандмани беа прифатени. Со ваквите нивни, би рекол крајно срамни и неодговорни политики, реформите се држат во заложништво на тесно партиските интереси, а европската иднина на нашите граѓани во неизвесност. Со досегашното неодговорно однесување на СДСМ и неучеството во работната  група за реформи во изборното законодавство директно се загрозени 4 милиони 281 илјада 623 евра. А, со блокадата на Законот за јавното обвинителство во Собранието,  дополнително, 6 милиони 422 илјади 623 евра, пари кои што и тоа како, може да го олеснат реформскиот процес и да ги подобрат состојбите во правосудството за секој наш граѓанин – потенцирал Филков.

Тој порачал дека Владата продолжува посветено да работи на реформите во државата се до крајната цел – обезбедување стабилност, просперитет и владеење на правото.