Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Филков од Љубљана: Сега е моментот кога ЕУ мора да покаже вистинско лидерство и политичка волја на патот на интеграцијата на Западен Балкан

-Доаѓам од држава и нација која веќе речиси две децении упорно се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Доаѓам од држава и нација која веќе речиси две децении упорно се бори за своето место во Европската Унија. На патот кон оваа крајна цел, соочени сме со многу предизвици и услови кои мораме да ги исполниме. Но, како што сите знаеме, билатералните недоразбирања и спорови со нашиот сосед станаа најголемата пречка за нашите европски перспективи. И ќе се согласите сите дека овие практики се спротивни на вредностите на Европската Унија, вредности кои се темел на интеграција, соработка и почитување на правото.

Токму поради ова, сметам дека сега е моментот кога Европската Унија мора да покаже вистинско лидерство и политичка волја. Мора да биде јасно дека постои подготвеност и ширина за отстранување на билатералните спорови помеѓу земјите кандидати за ЕУ и земјите членки. Не само во рамки на Копенхашките критериуми, туку над нив – во името на регионалната стабилност и европската интеграција.

Сега е вистинскиот момент да се стави акцент на глобалната слика и на новата политичка реалност во која се наоѓа современото општество. Европската Унија мора да покаже дека е подготвена за нови предизвици и дека има капацитет да опстои како силна, обединета и глобално конкурентна унија. Овој момент не смееме да го пропуштиме. Потребно е да чекориме заедно. Веќе е се поизвесно дека нема да има повторни шанси да се вратиме на истата патека. Повеќе време за губење – немаме! Европа не чека!, рече во своето обраќање министерот за правда, Игор Филков.

Реклама

Филков се осврна и на реформите кои се спроведуваат во сферата на правосудството.

-Во последните неколку месеци, Република Македонија презеде значајни чекори. Покрај усвојувањето на важни закони, како Законот за конфискација во граѓанска постапка и Законот за Канцеларијата за поврат на имот, беа преземени и мерки за зајакнување на правосудните институции. Од исклучителна важност се и подготовките на новиот Кривичен законик и Законот за кривична постапка, кои ќе бидат усогласени со европските стандарди и меѓународната пракса. Во моментов, во процес е предлог на закон за заштитено пријавување и заштита на укажувачи. Дополнително, значаен е и процесот на дигитализација во правосудниот систем. Во оваа пригода, би сакал да ја истакнам важноста на напредокот што нашата држава го постигнува во однос на имплементацијата на препораките од ГРЕКО. Особено во контекст на 5-тиот круг, кој се однесуваше на централната власт и Министерството за внатрешни работи.

Сакам да ја споделам информацијата дека во периодот од 17-19 март 2025 година, на пленарната седница на ГРЕКО во Стразбур, се очекува да биде затворен 5-тиот круг на евалуација за Република Македонија. Ова е значаен успех, бидејќи од вкупно 23 дадени препораки, 17 се целосно имплементирани, 6 се делумно имплементирани, а неимплементирани препораки немаме. Со ова, нашата држава се истакнува како една од државите кои најбрзо го затвораат овој круг на евалуација, потенцира министерот Филков.