Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Филков: Љуботен е болно потсетување, наша обврска е да паметиме, сочувствуваме и да создаваме општество во кое вакви трагедии никогаш повеќе нема да се повторат

Владина делегација предводена од министерот за правда Игор Филков денеска на повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владина делегација предводена од министерот за правда Игор Филков денеска на повеќе локации положи цвеќе на спомен обележјата оддавајќи им почит на  осумте припадници на резервниот состав на Армијата на Македонија, кои пред 24 години го изгубија животот кај месноста Љуботенски Бачила. 

Почит беше оддадена  пред спомен  обележјето на бранителот Томислав Настевски во Општината Ѓорче Петров, пред споменикот на бранителите во село Волково како и спомен обележјата во касарната „Илинден” и во село Љубанци.

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ нагази на противтенковски мини  на патот кај месноста Љуботенски бачила. 

Реклама

Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.

-Наша обврска е да паметиме, да сочувствуваме и да создаваме општество во кое вакви трагедии никогаш повеќе нема да се повторат, се вели во соопштението од Министерството за правда.