Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Филипче: Струјата поскапе, а не се користат РЕК Битола и Осломеј Неготино да произведуваат струја

Претседателот на Социјалдемокрасткиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во денешната изјава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Социјалдемокрасткиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми во Собранието,  посочи дека причината за зголемување на цената на струјата е катастрофалното менаџирање на енергетскиот систем во земјата од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението од СДСМ.

„Ништо не е постигнато од проекциите и задачите кои што оваа влада си ги дала сама на себе. Треба да се произведат над 5.000 гигават часови струја, не се произведени ниту половина, како половина од хидроенергетскиот потенцијал изминатата година да не работел, ете толку струја недостасува во нашиот енергетски систем. Таа струја е замената со увозна скапа електрична енергија. Наместо да се произведува и наместо РЕК Битола, Осломеј Неготино да работат и да произведуваат струја, која што државата ќе ја чини 80-90 евра мегават час. Ние купуваме струја за 140 евра мегават часови“, рече Филипче. 

Тој додаде дека паралелно не е обезбедена доволна количина на реагенси во изминатата година. 

Реклама

„Се постава прашањето, зашто не се планирало добро? Зошто сега се посегнува по  државните резерви за мазут, кои што не се ниту примарен материјал кој што се користи за производство на струја? Зашто добро не се менаџира овој систем? Зашто 110 милиони евра е задолжена државната компанија ЕСМ? Тука лежат причините за катастрофалното менаџирање на целокупниот овој систем. И сега ние сме соочени со увозна и многу скапа струја, која знаеме дека во зимскиот период уште повеќе поскапува, и сето тоа ќе го плаќаат за жал, граѓаните“, изјави Филипче.

Во изјавата, Филипче најави дека СДСМ ќе излезе со конкретни предлози, решенија, за да им се помогне на граѓаните со ваквите ценовни шокови. 

„Не очекувам дека ова власт ќе ги подржи, исто како што не ги подржа ни законските решенија за намалувањето на ДДВ, кога беше во фокусот на јавноста цената на потрошувачката кошничка, понатаму минималната плата, субвенциите за компаниите во случај на раст на минималната плата. Сметам дека немаат слух за решенија, кои што им се и тоа како потребни на граѓаните да ја пребродат оваа финансиска криза, која што ја има секое семејство, која за жал во последните месеци уште повеќе ќе се влошува“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Фото: СДСМ Центар за комуникации со јавноста