Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Филипче: Сочувство до семејствата, загубата на толку многу млади животи е страшна болка

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче изрази сочувство до семејствата и блиските на…

Сподели:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче изрази сочувство до семејствата и блиските на настраданите во страшната тагедија во Кочани.

„Со тешко срце ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е црн ден за Македонија. Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива болка за семејствата, за нивните пријатели, за сите нас. Во овој момент на длабока тага, сакам да изразам најискрено сочувство до семејствата кои изгубија најблиски и да им посакам брзо закрепнување на повредените. Во вакви моменти, единствено што е важно е солидарноста и поддршката“, стои во објавата на Филипче на социјалните мрежи.

Тој ги повика сите институции, здравствените работници, но и целото општество да се обединиме во помошта за настраданите и нивните семејства.

Реклама

„Како лекар, стојам на располагање за секој вид помош што можам да ја дадам во оваа тешка ситуација. Сега не е време за поделби, туку за обединување во тагата и во напорите да помогнеме“, пишува Филипче.