Венко Филипче кој претходно бараше лидерски сребди, сега кога доби понуда, останува цврст на ставот од вчера, дека не сака да седне на иста маса со власта. Не прифаќал укинување на техничката Влада, бидејќи таа била единствена гаранција за фер избори. Помалку и чудно како една од причините го наведе системот сејф сити, чија цел е зголемување на безбедноста во сообраќајот. Но според Филипче системот бил механизам на власта за масовно следење на граѓаните, па во предизборие опозицијата морала да има технички министер за внатрешни работи со цел да го контролира овој систем.
-Легализација на масовен надзор без соодветни пи мерки преку системот сејф сити, со 65 илјади камери, овозможува дигитален надзор на движењето на граѓаните. И кога за граѓаните се воведува дигитален надзор контролата на ваквите системи контролата на овие системи станува прашање за опстанок на демократијата. Технички министер за внатрешни работи од опозицијата е гаранција дека овој систем нема да се злоупотреби, изјави Филипче.
Филипче дополни дека лидерската средба која ја иницира Мицкоски, била алиби и јасен показател дека на власта и се брза па барала алиби за распишување на предвремени избори. Повторно како и во партиските соопштенија последниов период, спомената беше Србија, и за филипче не било случајно што и тука и таму во исто време се говорело за избори. Лидерот на сдсм наведе и други причини зошто не прифаќа лидерска- власта ги имала канџите во правосудството, обвинителство, направен бил упад во Судскиот севет, проневери имало во земјоделието, а со законот за полиција се вршала целосна партизација. Затоа бара да остане техничка Влада, за тие да имале контрола во предизборието.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно остро ја критикуваше, како што ја нарече безидејната и неодговорна опозицијата, велејќи дека на лидерската средба нема да се разговара само за техничката Влада, туку и за реформските закони кои се дел од извештаите на Европската Комисија.
Во моментов по се изгледа единствено кај социјалдемократите нема расположение за разговор бидејќи ниту една друга партија досега не го одби предлогот на Мицкоски. Од Левица велат дека се за укинување на т.н. Пржинска Влада и според нив непотребните заменици министри со право на вето.
-Истата нема смисла и се претвори во алатка за меѓупартиско пазарење. Техничката влада функционира како фасада и привид на фер, демократски избори и плурализам, зад кој продолжува суштинската политичка нееднаквост, селективноста и цензура, велат од Левица.
Од ДУИ се уште не одговориле дали прифаќаат лидерска, ќе чекале прво да добијат официјална покана.
-Поканата се уште не е пратена, останува само најавена. Кога ќе стигне, ќе градиме став во врска со истата, велат од ДУИ.
ЗНАМ на Максим Димитриевски ја поздрави иницијативата на премиерот за лидерска средба, како одговорен и државнички чекор насочен кон стабилност, дијалог и политичка зрелост во клучен момент за државата. Од таму велат дека Филипче со своите потези покажува дека СДСМ нема капацитет, ниту волја за конструктивен политички дијалот, туку единствено нуди говор на поделби, навреди и неосновани обвинувања.
Матеја Петровски
