Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Македонија

Филипче повикува на натпартиски договор во Собранието за реформа на правосудството

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа ја повика Владата да работи на темелна реформа на Кривичниот законик во согласност со европските стандарди.

„Апелирам до Владата сериозно да поработи на новиот Кривичен законик, кој се работи со претставници од ЕУ и кој треба да биде усогласен со германското законодавство. Овој закон треба да биде донесен врз основа на препораките на оценската мисија на ЕУ. Сметам дека било која реформа треба да се носи согласно европските стандарди, а не преку привремени решенија кои немаат ефект“, нагласи тој.

Тој ја искористи оваа прилика за јавен повик до сите парламентарни партии, барајќи од нив да седнат на заедничка стратешка средба на која ќе ги дефинираат долгорочните правци на државата, зад кои сите ќе застанат без разлика која партија е на власт.

Реклама

„Ги повикувам сите партии да седнеме во Собранието и заеднички да ги дефинираме стратешките цели на државата. Треба да создадеме национален консензус за реформите, за утре, без разлика која партија е на власт, никој да не може да отстапи од тој план“, заклучи Филипче.