Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Филипче потврди дека не му е грижа за народот, важни му се само провизиите, тендерите и бизнисот со кланот Заеви

Венко Филипче уште живее во партискиот меур каде, додека му го чува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче уште живее во партискиот меур каде, додека му го чува столчето на Заев, смислува начини како да ги инвестира парите од тендери и провизии низ Дубаи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Филипче додека бара начин да се факторизира на политичката сцена смислува небулозни тврдења за тоа како да сме го фателе „возот за Европа“, обидувајќи се на тој начин повторно да ги врати политичките тензии и реторики на неговиот ментор Заев.

-Филипче треба да знае дека нему и на СДСМ одамна му заминаа сите возови, народот тоа им го соопшти на последните избори, и сето тоа додека со Заев го распродаваа македонскиот национален идентитет и ја осиромашуваа државата. Филипче самиот потврди дека не чувствува вина за случајот Онкологија, дека граѓаните не му се важни, а единствена грижа му е бизнисот со Заев. Филипче не покажа ниту грам човечност ниту за случајот модуларна, ниту за Онкологија и токму затоа треба да си замине од политичката сцена. Филипче покажа само интерес за провизии и матни зделки и во време на ковид кризата, додека граѓаните беа оставени сами на себе а медицинските работници останаа без медицинска опрема, маски, ракавици. Филипче беше најлошиот министер за здравство во историјата на македонското здравство и токму затоа и треба да си поднесе оставка и да замине во историјата на политичката сцена, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Оттаму додаваат дека Филипче и СДСМ се синоним за криминал корупција и предавства.