Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Филипче: Пораките на Делчев се потсетник дека Македонија мора да се движи кон напредок

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, испрати порака со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, испрати порака со оддавање почит кон делото на македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев, се вели во соопштението од СДСМ.

„Денеска одбележуваме 154 години од раѓањето на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев, еден од  визионерите кој ги постави темелите на македонската државотворност.

Делата на Делчев се нашиот потсетник дека Македонија се гради со храброст, солидарност и заедништво.

Реклама

Неговата порака за светот како поле за културен натпревар на народите и денес е јасен повик дека Македонија мора да оди напред, кон модерна, просперитетна и европска држава, а не назад во изолација. 

Во време кога државата повторно се соочува со сериозни предизвици, да не дозволиме националните интереси да бидат заложник на дневна политика. Да го продолжиме аманетот на Делчев, да градиме напредна, праведна, демократска и економски силна држава, во која младите и сите граѓани ќе гледаат перспектива. Нека е вечен споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во пораката на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.