Кога немаaт аргументи дома , СДСМ речиси секогаш бараат помош од надвор. Овој пат Филипче испратил писма до институциите на Европската Унија, обвинувајќи за наводен притисок врз правосудството. Повод , како што наведуваат од СДСМ е изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека „има чувство“ оти поранешни функционери ќе се соочат со постапки. Но не само писмо, партијата на Филипче поднесе и кривична пријава до Мицкоски – токму за тоа и што го пишуваат во писмото – уривање на Уставот и кршење на законите.
Затоа СДСМ поднесува кривична пријава против Христијан Мицкоски за злоупотреба на службена должност и овластувања член 353 став 1 од Кривичниот законик, повреда на рамноправноста на граѓаните член 137 став 1 и 2 од КЗ и за загрозување на сигурноста, член 143 став 1 од КЗ, рече Александар Димитријевиќ – ген.секретар на СДСМ
Во писмото Филипче оди и чекор понатаму – наведува дека тие како партија сметаат дека ваквите пораки можат да се толкуваат како индикација за политички реваншизам и потенцијално влијание врз институциите, нагласувајќи дека тоа е спротивно на европските демократски стандарди.

Со ваквото однесување, користејќи ги двете функции, како премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги претвора државните институции во инструмент на партиска пресметка, а истовремено ги користи како заштитен штит за сопствените структури, пишува во писмото.
По писмото со кое СДСМ се жалат по Европа, и помош бараат одадвор, за тоа што сами не можат да го средат дома, реагираше и првиот човек на Владата, тој вели, социјал-демократите имаат право да пишуваат и да се жалат каде сакаат, но чуството дека некој ќе одговара за ако сторил криминал е се посилно.
„Секој има право да си се допишува и да праќа писма, но моите чувства се сѐ посилни“ – рече Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски пред два дена рече дека нема конкретни информации, но дека има чувство оти високи функционери од поранешната влада на СДСМ би можеле да бидат опфатени со одредени постапки. Тој упати и критика до опозицијата за недостиг на самокритичност, посочувајќи дека доколку сака да биде кредибилна алтернатива, треба јавно да го повика поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, да се врати во земјата и да се соочи со правдата.А не само да бараат враќање на поранешниот премиер. Мицкоски,како што рече очекува ист пристап и кога станува збор за поранешни функционери од редовите на СДСМ – односно, во случаи на истраги или судски постапки, опозицијата јавно да повикува на одговорност.
