Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Филипче очекува антикорупциската комисијата да го истражи случајот со неговите имотни листови

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче бара антикорупциската комисија што побрзо да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче бара антикорупциската комисија што побрзо да го истражи случајот со неговите имотни листови што ВМРО-ДПМНЕ неколку дена го пласира во јавноста.

Според него, имотниот лист што го поднел е идентичен, односно кога ќе се видел вкупниот имот се работело за иста квадратура, а единствената разлика била во начинот на пријавување.

„Во претходниот имотен лист не се става, а сега има простор да се стават имотни листови како документи. Кога ќе се анализира сето, тоа ќе се види дека е исто“, рече Филипче и најави и дека ќе бара извинување од премиерот Мицкоски откако антикорупционерите ќе излезат со став.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека во анкетниот лист од 2024 година Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил во анкетниот лист кога станал министер. ВМРО-ДПМНЕ ги повика институциите да истражат зошто Филипче не пријавувал имот во своите анкетни листови, а него го повикаа самиот да одговори.

Реклама

Тие тврдат дека Филипче како министер за здравство во својот анкетен лист пријавил куќа од 464 метри квадратни изградена во 2017 година, како и стан од 130 метри квадратни, стекнат како подарок во 2016 година. Додека, пак, на име заеднички имот пријавил уште еден стан во скопје од 50 метри квадратни, стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.