Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Филипче не мисли дека е грешка што не присуствувал на лидерската средба, вели општеството не е зрело за укинување на Пржинската влада

Претседателот на СДСМ Венко Филипче не мисли дека е грешка тоа што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на СДСМ Венко Филипче не мисли дека е грешка тоа што не присуствувал на лидерската средба со премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи, како што вели „не им верувам на луѓето на власта на тоа што го зборуваат, затоа што ги гледам што прават“, и нагласувајќи дека „општеството не е зрело“ за укинување на Пржинската влада. 

Прашан дали е прифатливо за СДСМ укинување на техничката влада по следните избори, со оглед дека не присуствуваше на лидерската средба за ова прашање, Филипче, рече дека „власта ги има истите манири, коишто доведоа до моделот на Пржинска влада“ и оти смета дека со таква власт не треба да се седи.

– Тие ги злоупотребуваат сите институции, притисок преку полиција, преку социјални служби, злоупотреби во земјоделство, што повеќе од ова треба да видиме да знаеме дека некој од опозицијата треба да прави контрола во таа власт. Тоа беше во 2016 година, тоа истото што се случуваше тогаш, се случува и сега. Општеството не е зрело. ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десет години нема спроведувано парламентарни избори. Ние имаме причини и конкретни аргументи зошто се сомневаме дека тие тоа не можат да го направат така како што треба, фер и демократски. Фокусот е на следните избори, а за тоа понатаму ќе зборуваме, изјави Филипче.

Реклама

Според Филипче, СДСМ е единствената опозиција, посочувајќи дека се видело „Левица“ со кого седнала на маса и дека, како што рече „чим седнале Левица, ДУИ, јасно е што прават, си се договараат за свои работи“.

– Ги гледате секојдневните аргументи кои ги изнесуваме пред јавноста. Ги потенцираме секојдневните проблеми на граѓаните. Бараме предлози и решенија, власта ја нема. Гледајте власта што прави. Ме обвинува за згради, за патувања, еве сега ќе сум земел цела болница. Немаат одговор на прашањата. Ние сме одговорна политичка партија и ја водиме опозицијата. Укажуваме на ризиците со коишто оваа земја се соочува, прашуваме зошто има дупка во Буџетот од две милијарди евра, зошто нема раст на платите во ниту еден сектор, а притоа секоја изјава на премиерот е само една голема лага, изјави Филипче.

Нема, нагласи Филипче, да им помине дефокусот, обвинувајќи дека и медиумите имаат одговорност за лажните обвинувања против него.

– Како ова сега, дефокус. „Фејк њус“ Алфа, „фејк њус“, мене ме обвинуваат дека имам куќа во Нерези, доаѓаше Ваш колега новинар. Што се случи од тоа, ништо. И ова истата работа. Имате одговорност за објективно информирање во јавноста. Не за вакви црни кампањи и дискредитирање, да знаете, рече претседателот на СДСМ.