Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Економија

Филипче и Мицкоски се судрија за „Бехтел и Енка“

Од срам и злоупотреба на народните пари, до расчистување на имотноправните односи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од срам и злоупотреба на народните пари, до расчистување на имотноправните односи и старт со градба. Пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче и премиерот Мицкоски со меѓусебни критики за „Бехтел и Енка“. Филипче ели дека владејачката партија како опозиција била против проектот кој го нарекувала историски криминал, за потоа со него да се фали како историско постигнување. Премиерот пак истакна дека договорот со конзорциумот не може да се раскине затоа што, во спротивно би се платиле стотици милиони евра казнени пенали. Вели дека го декласифицираат документот, додека владата на СДСМ и ДУИ платила 350 милиони долари, без да почне со работа.

Пратеникот Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ зборувајќи за развојот на локалните заедници, изградбата на патишта, училишта, градинки и водоводи, праша дали има селективност при доделување на парите за инфраструктурни проекти за општините. Нотира дека бројни градоначалници од СДСМ веќе се пофалиле дека им биле одобрени финансии од централниот буџет за да градат во своите општини. Премиерот напомена дека рамномерниот регионален развој е приоритет за оваа влада, дека пари за оваа намена ќе има во сите години до крајот на мандатот.

Мицкоски истакна и дека не е само „Бехтел и Енка“. Имало многу случаи на можни злоупотреби на државни пари кои допрва ќе се расчистуваат. Рече дека поради погрешните политики на претходната Влада, сегашната е принудена да плаќа заостанати долгови на ЕСМ, неплатени фактури за патната делница Кичево-Охрид и многу други кои паѓаат на товар на буџетот, односно на граѓаните.