Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Филипче должи одговори дали тој стои зад најголемите корупциски и криминални скандали во здравството во неговиот мандат

Венко Филипче, е поранешен министер за здравство. Филипче сега ја врши должноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче, е поранешен министер за здравство. Филипче сега ја врши должноста претседател на СДСМ и верно му го чува местото на Зоран Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Филипче е човекот кој ќе биде запаметен по тоа што во негов министерски мандат македонското здравство е паднато на колена, уништено, девалвирано, полно со криминал и корупциски скандали.

„Случајот Онкологаја, каде на тешко болни пациенти од рак, наместо лек им се давало физиолошки раствор, а скапите онколошки терапии се продавале на црниот пазар, се случи токму кога Венко Филипче е министер за здравство.

Реклама

Кога Филипче беше министер за здравство се случи и трагедијата во Модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 луѓе.

Како министер, Венко Филипче доделуваше тендери за набавка на лекови на него блиска веледрогерија, од кои набавки, сигурно, ќараше проценти.

Како тогашен министерот за здравство Филипче, исто така, беше фатен како од фантом фирма сака да купи вакцини по двојно повисока цена од пазарната“, потенцираат во соопштението и прашуваат:

Токму поради тоа што во негов мандат се случуваат најголемите корупциски и криминални скандали, Филипче треба да одговори, дали тој стои зад последниот судски случај во Онкологија, каде што од Буџетот на државата биле исцедени 2,2 милијарди денари или 35 милиони евра?

Дали со на овој начин украдените пари на маката и здравјето на онколошките пациенти, Филипче си купил акции во индиска авиокомпанија и станал ортак со Заев во бизнисот со 50 катницата во Дубаи?

Дали со овие пари спечалени на маката и здравјето на луѓето, Филипче ја добил златната виза?

Филипче должи одговори на сите овие прашања или пак, ако има аргументи, истите може и да ги демантира. Но, неговиот молк не тера да мислиме дека ги потврдува сите поставени дилеми. Од друга страна, додела Филипче молчи, повторно го повикуваме ОЈО да истражи која е неговата улога во случајот Онкологија, додаваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.