Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Филхармонијата ја отвора новата сезона со 13-годишниот машки сопран Алексис Изар Гордон

Оркестарот на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе ја отвори новата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оркестарот на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе ја отвори новата концертна сезона „Филхармонија: On Air“. На концертот насловен „Симфониски бранови“ како солист ќе настапи 13-годишниот машки сопран Алексис Изар Гордон. На програмата се „Аве Марија“ од Франц Шуберт и Симфонијата бр.4 во ге-дур од Густав Малер.

Алексис Изар Гордон е член на Оперското училиште на Виенската државна опера, каде што се школува од својата осма година. Роден е во Лондон во 2013 година, во семејство на професионални музичари, а подоцна со своето семејство се преселил во Виена. 

-И покрај младата возраст, Алексис веќе има значајно сценско искуство. Настапувал во големи оперски продукции на Виенската државна опера, меѓу кои „Кармен“ од Бизе, „Пиковата дама“ од Чајковски, „Отело“ од Верди, „Боеми“ од Пучини, „Жената без сенка“ од Рихард Штраус и „Возек“ од Берг. Настапувал и со Виенската филхармонија во „Пасион според Јован“ од Бах, како и во „Волшебната флејта“ од Моцарт. На десетгодишна возраст го остварил своето деби во Стокхолм како сопрански солист во Четвртата симфонија од Густав Малер, под диригентство на својот татко, Александар Гордон Земцов. На дванаесетгодишна возраст го изведувал солистичкиот дел во „Chichester Psalms“ од Леонард Бернштајн со Виенската филхармонија и хорот „Арнолд Шенберг“. Настапувал и во камерни концерти со истакнати музичари, меѓу кои Јука-Пека Сарасте и Пека Куусисто, соопшти Филхармонијата. 

Реклама

Негови музички ментори се сопранистката Красимира Стојанова и диригентот Џими Чианг, а работел и со мецосопранот Тања Аријане Баумгартнер. За него се создадени и две нови дела – „Agnus Dei“ од украинскиот композитор Александар Родин и „Ave Maria“ од бугарската композиторка Борислава Танeва, кои ги праизвел во Финска.

Покрај пеењето, Алексис изучува пијано, кларинет, виолина и виола. Особен интерес покажува и кон математиката и природните науки, а веќе има постигнато значајни резултати на национални математички натпревари.

Диригент на вечерашниот концерт е Александар Гордон, кој зад себе има богата кариера како виолист, но во последните години тој е и успешен диригент. Неговиот дебитантски настап како диригент бил во Финска, во 2014 година со Симфонискиот оркестар на Лапеенранта, што му донел покани да диригира и со останатите оркестри во Финска.

-Во 2017 година следувал мошне значаен концерт којшто му донел покани за диригирање ширум светот, со Симфонискиот оркестар на Бугарското национално радио и со влијателниот виолончелист Миша Мајски како солист. Во 2018 година маестро Гордон диригирал со Камерниот оркестар на Манхајм и OZM Дортмунд во Германија, како и во Оперскиот театар во Риека, Хрватска, со изведби на балетот на Чајковски – „Оревокршачка“. По неговиот дебитантски настап во Кина, пак, во септември 2018 година со Симфонискиот оркестар на Лиаонинг, воспоставил соработка за неколку програми во следните сезони. Александар Гордон е член на програмата „LEAD!“, каде што соработува како ментор по виола и асистент-диригент на врвниот Јука-Пека Сарасте. Во 2020 година тој дебитирал и како оперски диригент со „Алеко“ од Рахмањинов во Украинската национална опера во Киев, што следеле повторни покани за следната сезона. Во април 2021 година, му асистирал на маестро Владимир Јуровски со Лондонската филхармонија, а истата година го имал и својот дебитантски настап како диригент на Лондонската филхармонија на турнеја во Мадрид и Барселона, соопшти Филхармонијата.

Во 2015 година Александар Гордон бил именуван за уметнички директор и диригент на Меѓународниот нов симфониски оркестар (INSO) во Лвив, додава Филхармонијата, „давајќи му на овој мултинационален германско-руско-украинско-еврејски музичар улога на „Амбасадор на мирот“ во Украина, со цел да донесе мир и единство преку музиката“.

-Инаку, на само 23 години, Александар Гордон бил именуван за главен виолист на Лондонската филхармонија. Во 2012 година, по десет години како лидер на виола-секцијата на ЛПО, тој заминал за да се посвети целосно на својата кариера како солист и диригент, информира Филхармонијата во најавата за концертот со кој ќе ја почне новата сезона.