Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

ФФМ и Министерството за внатрешни работи потпишаа Меморандум за унапредување на безбедноста на фудбалски настани и заштита на интегритетот

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) потпишаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) потпишаа Меморандум за соработка со кој се зајакнува партнерството меѓу двете институции во насока на зајакнување на сигурноста, безбедноста и интегритетот на фудбалските натпревари.

Целта на овој Меморандум е ефективна координација и размена на информации,унапредување на безбедносните протоколи, спречување на насилство и недолично однесување и поттикнување на позитивна спортска култура меѓу навивачите.

Во рамките на соработката ќе се реализираат заеднички безбедносни планови и протоколи за натпревари, редовни координации меѓу службите на МВР и ФФМ, обуки за службени лица и редарски служби, едукативни кампањи за промоција на спортски дух и воведување технолошки решенија за следење и навремена реакција при инциденти.

Реклама

Со оваа иницијатива, Министерството и Федерацијата испраќаат силна порака дека фудбалот треба да биде простор на почит и фер натпреварување, ослободен од негативни појави.

“Како Фудбалска федерација на Македонија имаме одговорност не само кон играта, туку и кон сите кои се дел од неа – фудбалерите, навивачите, клубовите и општеството.

Со потпишувањето на овој Меморандум со МВР, отвораме ново поглавје во безбедноста и организацијата на натпреварите. Заеднички ќе работиме на создавање средина каде што фер-плејот и почитта ќе бидат норма, а насилството и недоличното однесување – исклучок кој ќе биде санкциониран.

Оваа соработка претставува важен чекор кон европски стандарди во организирање на фудаблски настани и јасно укажува на нашата заложба да изградиме фудбалска култура која инспирира, а не дели. Уверен сум дека заедно ќе постигнеме многу во интерес на фудбалот и општата безбедност.“

„Министерството за внатрешни работи континуирано работи на унапредување на безбедносните стандарди и заштита на јавниот ред и мир, особено кога станува збор за настани со масовно присуство како што се фудбалските натпревари.

Потпишувањето на Меморандумот со ФФМ претставува основа за продлабочена и координирана соработка. Заедничките активности, обуки, планови и комуникациски механизми ќе овозможат навремено препознавање и спречување на потенцијални ризици, со крајна цел – зголемена безбедност за сите учесници и посетители на спортските настани.

Во оваа насока, една од клучните цели е заштитата на интегритетот, односно препознавањето и спречување на организираниот криминал и корупција, воопшто во спортот.

Оваа иницијатива не е само административен чекор, туку конкретна акција насочена кон заедничка одговорност, превенција и градење на здрава и безбедна спортска култура во Македонија.“