Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Фетаи: Ние сме гласот на патот кој никогаш не минува преку Али Ахмети

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, преку писмено обраќање одговори на актуелните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, преку писмено обраќање одговори на актуелните случувања по напуштањето на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари на владината коалиција.

Во писмо испратено до медиумите Фетаи им се обраќа на членовите, симпатизерите и гласачите на Алијанса за Албанците, каде вели дека тие не се само поддржувачи на партија, туку чувари на кауза и идеал кој никогаш не бил продаден или наведнат.

Фетаи вели дека им се обраќа на оние што ја граделе Алијанса за Албанците со труд и посветеност, дури и кога сè било против нив, на оние кои биле прогонувани поради нивните политички убедувања, но не се предале повеќе од 20 години, и на оние кои никогаш не дозволиле партијата да стане алатка за лични интереси.„Денес, заедно, се наоѓаме на историска раскрсница. Пред една година, донесовме храбра одлука – да ја предводиме долгоочекуваната, но никако задоцнета променa“, пишува Фетаи.

Реклама

Тој додава дека и денес имаат иста храброст и визија, но не можат да живеат во минатото, туку мора да ја градат иднината со истрајност и достоинство.

Фетаи вели дека членството и гласачите зборуваат гласно, барајќи правда и чист пат.

„Јас сум тука, покрај секој од вас што не го прифаќа понижувањето на нашата надеж“, додава Фетаи.

Тој во писмото се осврнува на Демократската унија за интеграција (ДУИ), порачувајќи дека нема да дозволат таа партија да се врати како ништо да не се случило и дека тие мора да се соочат со вистините што ги избегнувале две децении.

Фетаи вели дека тука не станува збор за поединец, туку за заедничкото достоинство, и дека неговиот глас е „гласот на Алијансата која не се предава, не се продава и не се плаши“.

„Ние сме гласот на патот кој никогаш не минува преку Али Ахмети, ниту преку некој што не им го посакува доброто на Албанците”, додава Фетаи заблагодарувајќи им се на сите и повикувајќи ги да останат горди.

Името на вицепремиерот Фетаи деновиве е актуелно откако партијата Алијанса за Албанците, од која е и самиот тој, донесе одлука да ја напушти владината коалиција.

Фетаи во писмото децидно не напоменува дали останува во Владата или заминува во функцијата.

Претходно викендов неговиот сопартиец Салим Сулејмани објави дека поднесува оставка од сите партиски и од функцијата пратеник во Собранието на Република  Македонија.