Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Фестивал на биодиверзитет „Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата“ во Градскиот парк во Скопје

Петтиот фестивал на биодиверзитет под мотото „Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петтиот фестивал на биодиверзитет под мотото „Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата“ ќе се одржи денеска кај Фонтаната во Градскиот парк во Скопје, во организација на Слоу Фуд Водно.

Фестивалот, како што информира организаторот, е посветен на богатството на природата, зачувувањето на локалните сорти, традиционалното земјоделско наследство и поддршката на локалните производители. Посетителите ќе имаат можност да ги запознаат производителите, да дегустираат локални производи и да дознаат повеќе за значењето на зачувувањето на биодиверзитетот и традиционалните земјоделски практики.

Во фокусот на годинашното издание е скопскиот јабучар – стара и препознатлива локална сорта домат, карактеристична по својот автентичен вкус и значајна за традиционалната скопска градинарска култура.

Реклама

Токму преку ваквите примери фестивалот ја истакнува поврзаноста меѓу природното богатство, земјоделското наследство, културата и храната што ја имаме на трпезата, посочуваат од Слоу Фуд Водно.

Фестивалот се одржува со поддршка од Град Скопје, We Effect и Слоу Фуд Македонија.