Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Федерација или унитарна држава?! – Пендаровски и Џафери истовремено присуствуваат на Минхенската безбедносна конференција

Државниот врв се степа кој попрво да ја претстави Македонија во Минхен.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот врв се степа кој попрво да ја претстави Македонија во Минхен. Ама кога се работи за шетање на државна сметка не е проблем да се оди и во пакет. Шефот на државата, Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери и министерот за надворешни Бујар Османи, се качија на авион и одлетаа за Германија – сите тројца да бидат дел од Минхенската безбедносна конференција.

Отворено е прашањето, дали грешка во протоколот или недорзбирањата на релацијата Илинденска – Вила Водно е тоа што во името на Македонија зборуваат дури тројца претставници. Неспорно е, и дека кога се плаќа од државата каса, моментот се користи предизборно да се закачи некоја фотографија плус на социјалните мрежи.

Токму престојните избори била тема на која разговарале Џафери и британецот сер Стјуарт Пич,  кој е специјален претставник на Велика Британија за Западниот Балкан. Со него, во името на Македонија се сретна и Пендаровски.

Реклама
  • „Тоа е нов доказ дека државата не функционира, дека е во хаос, дека многу повеќе се однесува како федерација, а не како унитарна држава. Знаете, во нормални држави има координација на нивото на државата во самиот врв и за сите вакви настани се прават договори, се одлучува кој ќе оди, како ќе оди, дури се прават и платформи во интерес на државата, кој треба да се пласираат на такви настани. Затоа што сите такви меѓународни конференции се една можност за државата да ги пласира своите интереси, да бара поддршка и слично, што нас ни е неопходно во една ваква ситуација каква што сме, меѓутоа да се прави на еден организиран начин. А ова што се случува сега во Минхен де факто покажува дека оваа држава е во еден тотален хаос и дека ништо не функционира“ вели Ристо Никоски – поранешен амбасадор.

Поранешниот амбасадор гледа и своеглаво постапување на база на етничка основа, наместо над се да се стави акцент на државните интереси на Македонија.

  • „Не треба да се залажуваме, најверојатно, постои и некое недоразбирање на релација Водно-Илинденска, односно претседателот и Владата, и тоа било и до сега случај. Меѓутоа, дека има и една меѓуетничка димензија, кога одредени, односно сегашниот премиер и министер одат по своја линија, одат со свои интереси, кои многу често не кореспондираат со интересите на оваа македонска држава“ оценува Ристо Никоски – поранешен амбасадор.

Главни теми на Минхенската конференција се руската агресија против Украина и ситуацијата на Блискиот Исток. Сериозни теми, сериозен протокол со присуство на делегации од многу држави. Но, само една делегација личи на раштиман оркестар – за жал, тоа е македонската делегација – реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

  • „Оваа дипломатска грешка го открива непознавањето на протоколот од страна на техничкиот премиер, но истовремено е и недомаќинското триплирање на буџетските трошоци…
  • Двоглавото претставување ќе биде за потсмев кај другите делегации кои лесно ќе забележат дека во Македонија не постои координација меѓу трите кабинети (претседател, премиер, МНР) кои се задолжени за надворешната политика.
  • Замислете колку бил зачуден Британецот сер Стјуарт Пич, специјен пратеник за Западниот Балкан, кого и претседателот Пендаровски и техничкиот премиер Џафери го сретнаа на две одвоени средби…“напиша Милошоски.

Од нашиот регион, на конференцијата во Минхен Грција е претставена само со претседателот на државата, Хрватска со премиерот, Србија со претседателот, Албанија со премиерот, Турција со министерот за надворешни работи.