Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

„Фајнанс Тинк“: Мерките за стопирање на вртоглавиот раст на цените функционираат, но само еден месец

Трговците секогаш наоѓале начин како да ги изиграат мерките за ограничување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трговците секогаш наоѓале начин како да ги изиграат мерките за ограничување на цените на храната. Само првиот месец биле дисциплинирани, а потоа се обидувале да ги заобиколат правилата. Ограничени биле ефектите од мерките за цените на храната кои различни Влади ги спроведуваа во изминативе 4 години. Најновата анализа на економскиот институт Фајненс Тинк покажува дека мерките имале силен и значителен ефект само во првиот месец од спроведувањето кога инфлацијата се намалувала и над 1%. Од вториот месец до истекот на мерката имало раст на цените на храната. Особено поскапувале производите кои се алтернатива на оние чии цени или маржи биле замрзнати. Инфлацијата на крај се враќала на старото ниво, но понатаму не се зголемувала.

„Од септември 2023, замрзнувањата на цените и маржите овозможиле намалување на трансмисијата на глобалните цени во домашната економија, кога тие биле во значаен пораст, но делувањето на преработувачите и трговците, особено на вторите, оневозможило трансмисија во обратната насока“ – пишува во извештајот на Finance Think.

Токму поради ограничените ефекти и малверзациите на трговците и добавувачите кои се здружуваат во олигополи и картели за да ги диктираат цените на повисоко ниво, Finance Think препорачува мерките да се користат само при многу висока инфлација. Во другите случаи, потребни биле структурни и пазарно засновани мерки. Од Институтот препорачуваат институциите да ја контролираат примената на Законот за нефер трговски практики, кадровски да зајакне Комисијата за заштита на конкуренцијата, да се помогнат домашните производители на храна, да се предвидат субвенции или ваучери за храна, енергија и транспорт за најранливите категории на граѓани.

Реклама

„Неопходно е стратегизирање на државната помош за земјоделството, и особено насочување кон помагање на резултатите од производството, наместо инпутите во производството. Системот на државна помош бара итен ремонт за да може да даде резултати на повеќе пунктови, вклучително и на пунктот за зголемување на домашното производство на храна“ – пишува во извештајот на Finance Think.

Последната мерка, односно намалувањето на цените на речиси 1.200 производи од таканаречената „новогодишна кошничка“ која ја креираа трговците трае уште 5 дена. Последните податоци покажуваат дека цените на храната и безалкохолните пијалоци во декемри се намалиле за 0,3% споредено со ноември. Најмногу поевтиниле рибата, овошјето, зеленчукот, шеќерот и кафето, а благо поскапеле лебот и месото. Трговците и овојпат се обидоа да ги поскапат другите производи кои не беа дел од кошничката, но по заканите на Владата дека ако не се опаметат, ќе ги замрзнат цените на храната, ги корегираа надолу. Вакво намалување на цените ќе има и во март за Рамазан и во април за Велигден. За годинава се очекува подрастично намалување на инфлацијата на ниво до 2.2%.