Реклама

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Мицкоски: Не се инаетиме со Бугарија, не сме тврдоглави, но тоа е двонасочна улица во која бараме решенија со предвидлив крај

Мицкоски од Вашингтон: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Македонија

Европските фондови се од голема важност за нашата економија

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска беше во посета на општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска беше во посета на општина Илинден, каде се сретна со градоначалникот на општината, Александар Георгиевски. Фокус на средбата беше поддршката на Македонија преку европските фондови и во тој контекст, потребите и капацитетите на општината за поголемо искористување на овие средства со цел реализација на проекти од интерес за граѓаните.

На средбата беа разменети мислења во однос на можностите преку поддршката од ИПА и ИПАРД програмите, при што заменик-министерката за европски прашања, Трајков нагласи дека Министерството за европски прашања е отворено за помош на општината и на дообучување на кадарот за поголема искористеност на средствата од европските фондови. При тоа, заменик-министерката за европски прашања Трајков истакна дека европските фондови ќе помогнат во развојот на општината и ќе го подобрат животот на граѓаните во општината Илинден.

Градоначалникот на општина Илинден, Георгиевски ја поздрави помошта на Министерството за европски прашања, додавајќи дека институционалниот капацитет на општините е секогаш пресуден за успех и затоа смета дека ваквите напори треба да се зајакнат во следниот период.

Реклама

На средбата беа прецизирани и следните чекори насочени кон подобрување на капацитетите на општината за поголемо искористување на средствата од европските фондови кои се на располагање.

Заменик-министерката за европски прашања, Трајков, оствари средба и со менаџментот на компанијата „ДПП ТОСАМА ТРЕЈД ДОО“. При посетата на заменик-министерката за европски прашања, Трајков заедно со директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев на општина Илинден, заедно ја посетија и компанијата „ДПП ТОСАМА ТРЕЈД ДОО“, која е корисник на ИПАРД мерката „Диверзификација на фармите и развој на бизнисите“.

Преку оваа мерка компанијата е поддржана со средства во износ од 21,7 милиони денари што и помогнало за набавка на Комора за стерилизација со помош на којашто е модернизиран работниот процес.

Заменик-министерката за европски прашања, Трајков, на средбата нагласи дека европските фондови се од голема важност за македонската економија бидејќи, како во конкретниот случај помагаат и во развојот на компаниите, но и ги стимулираат бизнисите раководени од жени.

Средбата на општина Илинден е дел од серијата средби кои заменик-министерката за европски прашања, Трајков ги остварува со цел поголема промоција на европските фондови и нивна поголема искористеност во општините.