Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Европски олимписки комитет: ЕМОФ Скопје 2025 беше екстремно успешно организиран

Повеќе од 4000 спортисти си заминаа од Македонија со позитивни впечатоци Европскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 4000 спортисти си заминаа од Македонија со позитивни впечатоци

Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025 заврши во одлична атмосфера, а Македонија доби пофалби за исклучително организираниот настан.

Вчеравечер и официјално беше затворено 18. издание на ЕМОФ, а повеќе од 4000 спортисти од 50 делегации имаа еднаква можност да се натпреваруваат во 15 спорта, при што 40 делегации си заминаа дома со медали, што е одличен показател дека европскиот младински спорт оди во позитивна насока.

Реклама

Првиот човек на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос, не го криеше своето задоволство од сè што беше реализирано во текот на фестивалската недела истакна:

„Имавме фантастична недела за европскиот спорт, 4.000 атлетичари се натпреваруваа овде во Скопје во 15 спортови. Тие покажаа дека на спортот во Европа добро му оди. 40 од 49 национални олимписки комитети кои се натпреваруваа овде добија медали, што покажа дека спортот се движи во добра насока во цела Европа. Условите во спортските објекти беа одлични. Имавме мали проблеми со времето, бидејќи беше премногу жешко, но тоа е проблем сега поради климатските промени и не можеме да преземеме нешто околу тоа. Но, сè на сè, а и она што е најохрабрувачки за нас е дека атлетичарите се многу среќни. Се забавуваа секоја вечер, ги уживаа пријателствата меѓу нив, но и стекнаа пријатели од другите тимови. На крајот на денот морам да кажам дека ова беше екстремно успешен Европски младински олимписки фестивал“, оцени Капралос, според кого, ЕМОФ Скопје 2025 ја потврди визијата на овој настан како како фестивал на младоста, пријателството и европското единство.

Оценката на Капралос дополнително го зацврстува впечатокот дека ЕМОФ Скопје 2025 освен спортски настан, беше симбол на младоста, пријателството и европското заедништво, токму визијата што ја носи овој олимписки собир.

Ова е уште еден доказ за успешната организација на овој престижен младински фестивал кој Македонија ја стави на европската мапа како земја која може да се носи со големите европски земји. За жал, на овој ЕМОФ, каде за првпат имавме спортисти во сите спортови, не освоивме ниеден медал. Но, затоа, добивме признание од ЕОК  за најдобро организирани и реализирани церемонии досега.

Следниот летен Европски младински олимписки фестивал ќе се одржи во Лињано Сабјадоро, Италија, во 2027 година.