Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Европска куќа за млади во Занаетчискиот дом во Куманово

Советот на Општина Куманово донесе одлука со која централен простор во Занаетчиски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Општина Куманово донесе одлука со која централен простор во Занаетчиски дом без надомест ќе ѝ биде отстапен на Делегацијата на Европската Унија за отворање Европска куќа за млади. Според претставникот на секторот за правни работи од општина Куманово, Иван Ангеловски, станува збор за недвижен имот во сопственост на Општина Куманово.

– Во конкретниот случај се работи за деловен простор во Занаетчиски дом, со површина од 48 квадратни метри, согласно скица за премер. За да биде појасно, тоа е просторот каде претходно беше сместен кафе бар и пред тоа бутик-рече Ангеловски.

Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, посочи дека Делегацијата на ЕУ покажала  интерес Европската куќа за североисточниот плански регион да биде сместена токму во Куманово.

Реклама

-Просторијата се ослободи, а претходно распишавме и јавен повик. Делегацијата на Европската Унија навистина е заинтересирана да дојде во Куманово од Крива Паланка. Проблемот беше што немаше простор во централното градско подрачје. Мислам дека тука им е местото – рече Ѓорѓиевска.

Дел од советниците кажаа дека младите од Куманово ќе имаат можност да посетуваат различни манифестации и обуки за младите, да стекнуваат нови знаења, да имаат полесен пристап за образование, волонтерство и меѓународна соработка. Одлуката ја донесе мнозинството советници по добиеното писмо со намера, од страна на Делегација на Европска Унија во Македонија.