Реклама

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Македонија

„Европска куќа“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

По повод Светскиот ден на поезијата, „Европска куќа“ реализираше настани што обединија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Светскиот ден на поезијата, „Европска куќа“ реализираше настани што обединија поети, уметници и публика, кои заедно го одбележаа овој ден преку јазикот и дијалогот. Главните настани се одржаа во „Европска куќа“ – Скопје и „Европска куќа“ – Тетово, со фокус на поврзување на поети кои творат на македонски и албански јазик. Овие настани создадоа простор каде поезијата се доживува како заеднички јазик, надвор од разликите и бариерите, соопштија вечерва од „Европска куќа“.

– Во Скопје, настанот „Меѓу два стиха – Ndërmjet dy vargjeve“ беше замислен како поетски дијалог меѓу јазиците. Секоја песна најпрво се читаше во оригинална верзија, а потоа се пренесуваше преку препев на друг јазик, овозможувајќи публиката да го почувствува значењето на стиховите и на двата јазика. Свои поезии читаа Марија Велинова, Лира Бојку, Ивана Јовановска, Валдета Дулахи, Стефан Спасовски и Калприна Садики, додека модератори на настанот беа Арлинда Бафтиу и Андреј Медик Лазаревски, информираа од „Европска куќа“.

Ваквиот формат, како што посочија, овозможил директна интеракција со публиката и создал уникатно искуство изградено преку поезијата.

Реклама

– Во Тетово, настанот „Кога зборовите стануваат слики – Kur fjalët bëhen imazhe“ донесе интеркултурен креативен експеримент што ја поврза поезијата со визуелната уметност. Под модераторство на Ера Ѓакова, поети читаа на својот мајчин јазик, додека присутните паралелно го преточуваа слушнатото во цртежи. Овој интуитивен процес ги поттикна учесниците да реагираат не само на значењето, туку и на емоцијата на секоја поезија. На тој начин се создаде дијалог во кој јазичните бариери се надминуваат, а поезијата се доживува и преку збор и преку слика, додадоа од „Европска куќа“.

Одбележувањето на Светскиот ден на поезијата се реализирал и во Струга, како што нагласија, град со силен поетски идентитет.

– Како град на поезијата, Струга има посебно место во културниот пејзаж во земјата, затоа и голем дел од активностите се насочени кон негување на поетскиот израз и кон поддршката кон уметноста, при што „Европска куќа“ и оваа година ќе ја поддржи „Енхалон наградата“ во рамки на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, се додава во соопштението.

Преку овие активности, како што се истакнува, „Европска куќа“ ја зацврстува својата посветеност кон дијалогот, културната размена и уметничкото изразување.

– Со обединување на различни јазици и заедници, овогодинешното одбележување на Светскиот ден на поезијата создаде момент на поврзување, каде поезијата се покажа како заедничка точка на разбирање, се нагласува во соопштението.