Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Македонија

Европа со највисока стапка на пушење во светот – Балканот предводи со двојно повисоки бројки од западноевропските земји

Европа е регион со највисока стапка на пушење во светот, каде што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европа е регион со највисока стапка на пушење во светот, каде што просечно 25,9 отсто од возрасното население над 15 години користи тутунски производи, покажуваат податоците на платформата „Брилијант мапс“ (Brilliant Maps) врз основа на глобалниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за трендовите во употребата на тутун и никотин од 2000 до 2022 година, со проекции до 2030 година.

Земјите од Балканот се меѓу европските држави со највисоки стапки на пушење. Најголем број активни пушачи е регистриран во Бугарија и во Србија, каде што 39,5 отсто од возрасното население користи тутун. Следуваат Хрватска со 37 отсто, Грција со 32,8 проценти, Словачка со 32,4 проценти, Унгарија со 32,2 процента и Романија со 30 проценти, што е значително над европскиот просек.

Во Западна Европа стапките на пушење се пониски, но со значителни разлики меѓу земјите. Највисок процент е забележан во Франција, со 34,6 проценти, што е над европскиот просек и блиску до нивото на балканските држави.

Реклама

Загрижувачки е трендот кај младите, особено во однос на електронските цигари и новите никотински производи. Повеќе од 100 милиони луѓе во светот користат електронски цигари, а во некои европски земји стапките кај адолесцентите од 13 до 15 години се повисоки отколку кај возрасните.

Извештајот на СЗО покажува дека и покрај глобалното намалување на бројот на корисници на тутун, од 1,38 милијарда во 2000 година на речиси 1,2 милијарда во 2024 година, употребата на тутун останува сериозна закана за јавното здравје. Европскиот регион е единствениот што не се очекува да ја постигне целта од 30 отсто предвидена во глобалниот акциски план на СЗО и се проектира дека до 2030 година Европа ќе остане со највисока преваленција на тутун, со над 23 проценти.

Податоците укажуваат дека 18 отсто од смртните случаи од незаразни болести во Европа во 2019 година биле поврзани со употребата на тутун, што значи дека речиси секој петти предвремен смртен случај би можел да се избегне доколку тутунот се елиминира.

Во Македонија, податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод Светскиот ден против употребата на тутун, минатата година покажуваат дека 45,4 отсто од населението се активни пушачи, што е значително над просекот на Европската Унија и ја става земјата меѓу државите со највисоки стапки на пушење во светот.

Според ИЈЗ, посетеноста на советувалиштата за откажување од пушење, кои функционираат во склоп на вентрите за јавно здравје, е многу мала, односно во 2023 година само 43 лица се јавиле за помош.

Од Институтот посочуваат дека употребата на тутун сериозно придонесува кон нарушувањето на општото здравје на популацијата нагласувајќи дека како последица на редовна употреба на тутун може да се јават кардиоваскуларни, респираторни, репродуктивни, малигни, ендокрини и многу други видови заболувања.

Тутунската индустрија, како што наведуваат од Институтот, со сите свои ресурси успешно се бори против напорите за зајакнување на законската легислатива, која всушност е еден од условите за пристап кон Европската Унија, па така потреба од приспособување на законите со оние од ЕУ е неопходна за напредокот на земјата.

– Иако Македонија во 2006 година ја ратификува Рамковната конвенција за контрола на тутунот на СЗО и во текот на годините имало напори за да се зајакне здравствената регулатива поврзана со употребата на тутун, во последните години има застој на ова поле со укинување на забраните за пушење на терасите од угостителските локали, а дополнително се дозволи употреба на електронските уреди што го загреваат, а не го горат тутунот во јавни затворени локали – беше посочено од страна на Институтот по повод минатогодишниот Светски ден против употребата на тутун.

СЗО и други меѓународни здравствени институции апелираат за зајакнување на националните и регионалните политики за контрола на тутунот преку зголемување на даноците, строго спроведување на забраните за пушење на јавни места, ограничување на рекламирањето и проширување на програмите за поддршка за откажување од пушење.