Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Европа има шанса да ја исправи историската неправда

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Европа има можност да исправи историска неправда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Европа има можност да исправи историска неправда нанесена на македонскиот народ, коментирајќи ја работната верзија од Извештајот на ЕП , каде што, како што рече, за првпат експлицитно се признава постоењето на посебен македонски идентитет.

„Овој извештај е значаен бидејќи за првпат се наведува македонскиот идентитет како посебен. Тоа е чекор напред, но одредени европратеници, вклучително и пратеници од нашата сестринска партија ГЕРБ, предлагаат пред терминот ’македонски идентитет’ да се додаде зборот ’сегашен’. Тоа е проблематично и потврдува за што предупредувавме уште од почетокот – дека се создава концепт на ’вештачка нација’“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој нагласи дека веќе имал интензивни разговори со влијателни претставници во Европскиот парламент и институциите во Брисел и порача дека нема да прифати формулации кои го доведуваат во прашање историскиот и национален континуитет на македонскиот народ.

Реклама

„Ова не е прашање на неколку стотини граѓани кои се идентификуваат како Бугари. Ова е обид за системска промена на идентитетот на целиот македонски народ. Јас тоа нема да го прифатам. Таквите формулации не се во духот на европските вредности и претставуваат опасен преседан“, истакна Мицкоски.

Тој ја обвини претходната влада, предводена од Димитар Ковачевски и поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, дека со прифаќањето на таканаречениот „француски предлог“ ја ставиле Македонија во подредена позиција.

„Европа сега има можност да покаже интегритет. Нема едногласност, што значи дека постои простор за корекција. Чекам Европа да даде одговор и да ја исправи грешката направена со прифаќањето на предлогот од страна на тогашната влада“, рече премиерот.

Според него, официјална Софија никогаш не се откажала од ставовите кои, како што оцени, се во духот на „Живковизмот“, со тенденција да го прикаже македонскиот идентитет како изведен од бугарскиот.