Реклама
Економија

Европа и Азија укинуваат летови и поскапуваат билети, Македонија со раст на авиоссобраќајот

Нема укинување, туку редовни и нови рути по ниски цени. Македонија засега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема укинување, туку редовни и нови рути по ниски цени. Македонија засега имуна на кризата со недостатокот на керозин која го загрозува авиосообраќајот. Откако цената на керозинот речиси двојно се зголеми од почетокот на воениот конфликт на Блискиот Исток, многу авиокомпании почнаа да ги поскапуваат билетите, да откажуваат летови, да редуцираат авиолинии и да летаат исклучиво на пократки дестинации. Од Македонија, пак може да се лета до некоја атрактивна европска дестинација и за 30 евра. Таков е случајот, на пример, со летот од Охрид до Братислава. До Сардинија за првпат се воведе лет од Скопје до Алгеро, за кој може да се најде карта во еден правец од 50 евра, па нагоре. За 75 евра повратен билет можете ова лето да патувате во Палермо, на Сицилија. До уште една нова дестинација, Бари, може да се стигне со повратен билет од 65 евра. Вицепремиерот и министер за транспорт рече дека од стартот на мандатот на Владата се воведени 28 нови дестинации, а бројот на патници во првите 3 месеци бил поголем за 30%.

„Имаме 28 нови дестинации откако оваа Влада е избрана. Бројот на патници оваа година ќе помине 3, 5 милиони, а во 2027 година очекувам да помине 4 милиони патници, што е некаде за 70% раст. Оваа година скопскиот аеродром е во силен пораст на територија на поранешна Југославија со 30 % раст во првите три месеци, а охридскиот е со 20 % раст“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Странските тур оператори веќе планираат поскапи билети за околу 50 евра. Растот на цените на керозинот значително ги зголемуваат оперативните трошоци на авиокомпаниите, при што уделот на горивото во цената на билетот се зголемува од 30 на 45%.

Реклама

Ова е специфичен момент во кризава. Исто така прашање е дали има можности за летување од далечните дестинации поради долгите летови, бидејќи е потребна промена на повеќе летови. Многу важен момент е потенцијалниот недостаток на керозин кој има голем импакт во одложувањето на летовите, со што силно ќе бидат погодени и европската и германската туристичка индустрија. Во моментов се размислува за изнаоѓање на некои нови солуции со цел да се намали ризикот од големи загуби“ – рече Матијас Бејер – Германска туристичка комора.

Во Македонија, пак има доволно керозин за 90, а не само за минималните 60 дена. Освен тоа, керозин од кај нас земаат и аеродромот во Приштина и други околни аеродроми. Од Владата неколкупати рекоа дека нема потреба на ограничување на продажбата на авионско гориво. Од друга страна, има држави чии аеродроми имаат сериозни проблеми со недостатокот на керозин. Па така, „Луфтханза“ најави укинување на 20.000 летови на кратки релации летово, со цел да заштеди околу 40.000 тони керозин. Кризата најсилно ги погоди азиските авиопревозници, каде што дел од компаниите, како „Катар ервејс“, беа принудени да откажат голем дел од своите летови. Паралелно, повеќе компании веќе ги зголемија доплатите за гориво, меѓу кои „Катар ервејс“, „Ер Индија“, „Емирати“, „Луфтханза“ и „КЛМ“.