Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Евроинтеграцијата во Западен Балкан сè повеќе го губи својот трансформативен потенцијал и се претвора во продолжен и неизвесен процес, предупредуваат експерти

Европската интеграција во Западен Балкан сè повеќе го губи својот трансформативен потенцијал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската интеграција во Западен Балкан сè повеќе го губи својот трансформативен потенцијал и се претвора во продолжен и неизвесен процес, покажуваат најновите анализи подготвени во рамките на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија.

Според експертите, клучниот проблем не е недостигот на стратегии, туку недостигот на политичка волја за нивна доследна имплементација.

„Политичката волја во регионот е претежно тактичка, а политичката поларизација системска – комбинација што ја претвора европската интеграција во бескрајна транзиција“, се вели во анализата објавена во двете последни публикации на Националната конвенција.

Реклама

Анализите дополнително укажуваат дека корупцијата останува длабоко вкоренет проблем, и покрај засилената реторика и реформски напори.

„Корупцијата останува структурен и долгорочен проблем што ја поткопува довербата во институциите“, се истакнува понатаму во анализата.

Експертите оценуваат дека процесот на евроинтеграција е значително политизиран и оптоварен со идентитетски и уставни прашања, што дополнително го забавува напредокот.

Публикациите се базираат на регионални анализи и дијалози со претставници на институциите, правосудството, академската заедница и граѓанскиот сектор од Македонија, Србија и Албанија, но пред се на 7 дебати што Националната конвенција ги организира во текот на 2025 година.

Повеќе информации и линкови до публикациите:

„Нека правдата владее со Западен Балкан: Интеграција меѓу наследените прашања и новите предизвици“ од авторката проф. д-р Милева Ѓуровска, претседателка на Европското движење во Република Северна Македонија и професорка на Филозофскиот факултет во Скопје https://bit.ly/Neka_vladee_pravdata_vo_Zapaden_Balkan

„Владеење на правото и антикорупциските политики во Македонија“ од авторите Виктор Митевски, извршен директор на Здружението за истражување и анализи ЗМАИ и Ивана Петковска, истражувач, Здружение „Сите за правично судење“ https://bit.ly/Klaster1_Temeli