Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Евроамбасадорот Рокас во Собранието го презентира извештајот за напредокот на државава кон ЕУ

На затворена седница во Собранието евроамбасадорот Михалис Рокас го презентира најновиот извештај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На затворена седница во Собранието евроамбасадорот Михалис Рокас го презентира најновиот извештај за напредокот на земјава во процесот на пристапување кон Европската Унија. 

На седницата, покрај претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, присуствуваат претставници на парламентарни партии, меѓу кои Оливер Спасовски и Јован Митревски од СДСМ, Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Карапејовски од ЗНАМ и Беким Ќоку од ВРЕДИ.

Во извештајот се нагласува дека Македонија останува целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што ја потврдува нејзината стратешка ориентација. Сепак, Европската Комисија укажува дека се потребни побрзи и поодлучни чекори за отворање на Првиот кластер од преговорите, особено во делот на владеењето на правото, реформата на јавната администрација и заштитата на малцинствата.

Реклама

Извештајот исто така нотира дека земјата мора да ги засили напорите во борбата против корупцијата и организираниот криминал, со посебен акцент на независноста на судството и ефикасното гонење на случаи на високо ниво. Како клучна забелешка се наведува и тоа што сè уште не се преземени решителни чекори за усвојување на уставните измени, вклучително и вметнување на Бугарите во Уставот, согласно претходно преземените обврски.

Европската комисија потсетува дека членството во ЕУ претставува геостратешка инвестиција во стабилна и обединета Европа и дека процесот на проширување ќе остане строг, фер и базиран на заслуги.

Кандидатите за членство, како што се наведува, мора да спроведат длабоки и неповратни реформи и да изградат општествен консензус околу европските вредности.