Реклама

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Македонија

Евроамбасадорот Гир со низа критики за Македонија, вицепремиерот Маричиќ гледа позитивно на извештајот на ЕК

Распростанетата корупција, неспроведувањето на судските реформи, скандалите во Судскиот Совет, злоупотребата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Распростанетата корупција, неспроведувањето на судските реформи, скандалите во Судскиот Совет, злоупотребата на европското знаменце и закони донесени на брза лента, како и политичката поларизација во Собранието – Дејвид Гир ги повтори сериозните критики од Брисел и неисполнетите домашни задачи и покрај милионските суми инвестиции.  Единствениот пат до Европската Унија на Македонија се реформите за да стане рамноправен партнер во Унијата.

  • Единствениот пат до ЕУ, е патот на реформите. Тоа значи сеопфатни реформи, како што е наведено во овој извештај,  и како што е наведено во извештајот на скрининг процесот, зошто, прво затоа што ако сакате да ги уживате поволностите за членството во ЕУ, мора да бидете доволно отпорни и подготвени да се осигурате дека навистина може да уживате во нив. А ние како ЕУ мораме да бидеме сигурни дека доаѓате како патнер кој што е црвст и отпорен. Затоа инвестираме многу во реформите и продолжуваме да го правиме тоа“ рече амбасадорот Дејвид Гир.

Власта во илузија – продолжува вина да гледај кај сите само не кај себе. И покрај критикувањето на Гир, според перцепцијата на вицепремиерот Маричиќ Македонија не стагнирала во ниту еден дел па дури во владеењето на правото и злоупотребата на европското знаменце кое може да биде искористено само од Владата. Заробените институции и неспореведените судски реформи, биле оти опозицијата не давала поддршка на владините закони во Собранието, вели Маричиќ.

  • Ако треба да определам јас кој е главниот виновник, сигурен сум дека главен виновник може да се лоцира во онаа политичка структура што упорно ја бликриа сопствената државата со години. Тука немам никаква дилема. Инаку многу повеќе закони и многу повеќе ќе беа направени да не беше таа блокада во собранието, и таа блокада на секој чекор“ рече вицемиерот Маричиќ.

За опозцијата извештајот е реалност за неусписите и неспособноста на власта на секое поле.

Реклама
  • Активната блокада беше еден вид на реакција од страна на пратеничката група кон Владата и парламентарното мнозинство  и имаше за цел да го спречи носењето на криминалните закони кои беа меѓукоалициски пазар на партиите од власта. Власта сакаше да ја заобилколи демократската процедура за дебата за битни законски решенија. Во овој извештај имаме зголемување на процентот на донесени закони по скратена постапка од 38 на 58 проценти“ вели Мицевски координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Уставните измени според Гир се секако услов,но најважни се препораките од официјален Брисел. според евроамбасадорот последниот извештај е правичен и  искрен и е патокз  на што треба да се посвети државата.