Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

„Еуропа Прима“ ја почна академската година со нови интердисциплинарни програми, министерот Стефановски порача студентите да бидат отворени кон меѓународните вредности

Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ денеска со свечен академски час го означи почетокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ денеска со свечен академски час го означи почетокот на новата академска 2026/2027 година одбележувајќи две децении постоење и посветеност на развојот на аудиовизуелните уметности. 

На свеченоста се обратија ректорот Александар Трајковски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и професорот Златко Шумковски од Универзитетот во Келн испраќајќи пораки за уметнички развој, градење меѓународни мостови и воведување нови образовни содржини.

Ректорот на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“, Александар Трајковски, истакна дека оваа високообразовна институција веќе 20 години претставува единствен симбол што ги спојува сценската, театарската и музичката уметност во една целина.

Реклама

– Ние, професорскиот кадар на универзитетот, сме тука за вас во следните четири години да ви помогнеме во тој процес, да ве насочиме кон вистинскиот пат и да ви обезбедиме едукација со која потоа ќе ве испратиме да остварите завидни резултати на домашната сцена и успешно да се претставите на европските и светските сцени. Наше е да ви дадеме, ваше е да земете од нас. Да земете што е можно повеќе и сето тоа да го преточите во вредносен капитал, кој ќе ја изгради вашата професионална и уметничка личност – порача Трајковски.

Се осврна и на наградите и признанијата што студентите ги освоија изминатата година на домашни и меѓународни фестивали и воедно ја нагласи подготвеноста на институцијата да се вклучи во владините проекти за дигитална трансформација, особено во заштитата на аудиовизуелното наследство.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски им порача на новите студенти да ги искористат претстојните години за личен напредок и за отворање кон меѓународните вредности.

– За разлика од многу други вакви установи во Македонија, овој универзитет има еден европски акумен, акумен што ве поврзува многу подалеку од границите на оваа наша мала Македонија. И иако е мал универзитетот по бројка на студенти или по бројка на професори, тој секогаш од неговите почетоци пред 20 години е знак за отвореност, за поврзаност, за градење мостови со Европа, за мостови со светот – нагласи Андоновски.

Тој упати две пораки до студентите – првата, како што објасни, е студентите да се посветат на личниот развој преку читање, стекнување знаења, вештини и искуства, а, втората, како што рече, е отвореноста кон светот и можноста студентите преку универзитетот да се поврзуваат со професионалци и академици од странство.

– И затоа искористете ги овие две шанси: првата да работите на себе, а втората да го погледнете светот низ диоптријата на Универзитетот „Европа Прима“. Тоа е шанса што не треба да ја пропуштите – порача Андоновски.

На свечениот академски час професорот Златко Шумковски од Универзитетот во Келн ја претстави и иницијативата за воведување комплементарна академска програма Advanced Media Arts Institute, со фокус на комуникациски вештини и иновации од областа на вештачката интелигенција.

– За зајакнување на постојните активности на Универзитетот и остварување на сите цели за најширока афирмација на македонската култура, ја користам можноста во кратки црти да ви ја претставам иницијативата за воведување комплементарна академска програма, што претставува акроним за Advanced Media Arts Institute, со фокус на комуникациски вештини и иновации од областа на вештачката интелигенција – појасни Шумковски. 

Нагласи дека новите вештини и алатки немаат цел да ги заменат процесите на креативното творештво, туку да ги надополнат преку развивање на критичкото мислење и стекнување современи професионални компетенции.

– Во овој контекст би сакал да напоменам дека со новите вештини од наведените области не се заменуваат процесите на креативното творештво, туку се надополнуваат со можност за унапредување на критичкото мислење и користење нови вештини и алатки неопходни за успешна и современа професионална дејност – истакна Шумковски.

Програмата, како што образложи, би опфаќала повеќе независни модули во хибридна и интердисциплинарна форма, меѓу кои комуникациски студии, медиумска етика и регулатива, наративно и визуелно раскажување, интервјуирање, продукција на дигитални содржини, генеративна вештачка интелигенција, аналитичко новинарство, глобален медиумски екосистем и социјални медиуми, визуализација на информативните содржини, напредни медиумски вештини и управување со медиуми.