Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

ЕУРАКТИВ: Албанија ги почнува преговорите со ЕУ без Македонија

Албанија на 15 октовмри на меѓувладина конференција во Луксембург ќе ги започне…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албанија на 15 октовмри на меѓувладина конференција во Луксембург ќе ги започне преговорите за членство во Европската Унија, пишува бриселскиот портал Еуроактив, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ. Според Еуроактив, Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ, со што би била одвоена од Македонија на европскиот пат.

Албанија на Меѓувладината  конференција со ЕУ ќе ги отвори преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“, во кој се вклучени и поглавјата Набавки, Статистика, Судство и Основни права, Правда, Слобода и Безбедност и Финансиска контрола, пишува Еуроактив.

Порталот пишува дека ова е добра вест за Албанија во нејзините напори да ги исполни барањата за напредок на нејзиниот пат кон Европаската унија, но е назадување за Македонија. Според написот, Македонија не успеала да го направи решавачкиот чекор кон пристапувањето во ЕУ.

Реклама

Албанија, исто како и Македонија , официјално го отпочна процесот во јули 2022 година, по што започна ааналитичкиот преглед на нејзината законска регулатива, познат како скрининг.

Но, одржувањето на Втората меѓувладина конференција, односно стартот со отворање на првото поглавје, беше доведен во прашање поради несогласување на Грција, по апсењето на Фреди Белери, етнички Грк, кој лани во мај беше избран за градоначалник на албанското приморско гратче Химара. Тој беше уапсен под обвинение за купување гласови, што тој го негираше, а и покрај изборната волја на гласачите, не му беше дозволено да положи заклетва.

Белери, кој во меѓу време беше избран за европратеник од Грција на изборите во јуни, беше ослободен од притвор за да може да го заземе своето место во Европскиот парламент.

Македонија засега останува заглавена поради обврската за внесување на Бугарите во Уставот, која беше наметната со прифаќањето на т.н. француски предлог од страна на поранешната власт која не се консултираше ниту со народот ниту со тогашната опозиција. Непромислените потези на Ковачевски, Османи и Ахмети ја оставија земјата последна во регионот на патот кон ЕУ и изложена на постојани притисоци и закани од страна на Бугарија.