Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ЕУ има сериозен проблем со демократијата – Сиљановска Давкова за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет во извештајот на ЕП

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет преку амандман излобиран од бугарски пратеници, вели дека тоа го докажува демократскиот дефицит во ЕУ, вклучувајќи го и Европскиот парламент, којшто, вели, треба да биде дом на европските граѓани.

-Не сум шокирана, иако сум длабоко разочарана тоа го кажав, особено од природата на некои амандмани, па и од дискусиите, не сум шокирана бидејќи во Европскиот парламент седат и претставници на партии што се против самата ЕУ. Инаку, пријатно бев изненадена од извештајот на господинот Вајц, тој важи за почитуван пратеник кој ги познава добро балканските прилики, бидејќи истото ова што ни се случува нам, можеше и Австрија да го прави кон Словенија бидејќи и во словенечкиот Устав ги нема Австријците, Хрватите, Бошњаците, Ромите… Но природата на амандманите покажа дека навистина не само светот туку и Европа и ЕУ имаат сериозен проблем со демократијата, потенцира Сиљановска Давкова.

Претаедателката го искоментира говорот на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, според кого, потребни се реформи внатре во ЕУ.

Реклама

-Мислам дека неговата изјава не е случајна и дека има врска и со феноменот вето, и со опасноста од билатерализација на евроинтеграцијата во време кога проширувањето на ЕУ во смисла на тоа дека ќе зборуваме еден ден за синоним или за еднаквост меѓу ЕУ и Европа, бидејќи ние географски, историски, културно сме биле отсекогаш дел од Европа и во време на опасност, мултилатерализмот да биде под притисок на мултиполаризацијата денеска во светот, важно е за да биде ЕУ односно Европа компететивен играч на плуралната светска политичка сцена и да ги вклучи сите држави кои географски, историски и културно припаѓаат кон неа. Зошто, бидјеќи денеска прашањето на евроинтеграцијата е прашање на стабилност и безбедност, рече претседателката.

Таа посочи дека е изненадена од одговорот на бугарската Влада на забелешките во пглед на состојбите во Бугарија врзани за малцинствата.

-Еве што адресирала до Советот на Европа. Вели дека во резимето од пописот 2021 година, 1.143 лица се самоидентификувале како етнички Македонци, 3.540 изјавиле дека мајчин јазик им е македонскиот, а 1.091 лице, пријавило дека дома зборува македонски јазик. И еве што пишува Владата – вели дека „овозможува доброволен процес на самоидентификација“. Еве јас ги упатувам меѓународните субјекти да се вратат назад во пописите во Бугарија, бидејќи некој феноменални промени никогаш не се случуваат никаде. Па да го видат и пописот од ’56, и пописот од ’46, ама интересно е што пишува во дописот на Владата. Значи дека овие лица кои се претставуваат како Македонци, се мала група, и не ги исполнуваат објективните критериуми за статус на национално малцинство. Може да заклучиме нешто? За која категорија ние треба да го смениме Уставот? За колкав број? Еве јас прашувам, посочи претседателката Сиљановска Давкова.