Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

ЕСМ ќе се жали на одлуката на Обвинителството за мазутот за ТЕЦ Неготино

Државни електрани ќе се жалат на одлуката за запирање на гонењето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државни електрани ќе се жалат на одлуката за запирање на гонењето на осомничените за спорната набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Од ЕСМ велат дека штом го добијат решението од Обвинителството за организиран криминал, ќе ја обжалат одлуката за да се заштитат интересите на Компанијата.

  • „До овој момент, до АД ЕСМ сè уште не е доставено Решението од ОЈО ГОКК во врска со осомничените за тежок криминал – набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Сепак, следејќи ги информациите објавени во медиумите, правниот тим на Компанијата веќе ги презема сите подготвителни активности, да поднесе соодветна Жалба, веднаш по официјалното примање на Решението. АД ЕСМ ќе ги искористи сите правни механизми кои ни стојат на располагање за заштита на интересите на Компанијата“велат од ЕСМ.

Доколку предметот не биде преиспитан, Обвинителството ќе го изгуби кредибилитетот, предупреди премиерот Христијан Мицкоски кој остро реагираше по одлуката да ја запре истрагата во која беа опфатени поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, бизнисменот Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски.

  • „Со неверување ја слушнав таа вест. Второ бев шокиран од тоа што го слушнав. Добро е што АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, кога ќе ја добие одлуката ќе вложи жалба. И очекувам дека случајот пак ќе се разгледа и повторна анализа, затоа што ако тоа не се случи Обвинителството за организиран криминал и корупција го изгуби својот кредибилитет, Обвинителството на Ислам Абази, сме го коментирале и не треба што друго да кажам “, рече Мицкоски.

Ниту републичкиот обвинител Ненад Савески, не бил информиран за одлуката, така му кажал на премиерот кој побарал став од него зошто се запира истрагата за мазутот.

Реклама
  • „Вчера разговарав и со јавниот обвинител Ненад Савески. Тој рече дека не бил информиран за оваа одлука на Ислам Абази“, рече Мицкоски.

Савевски и вчера за медиумите рече дека предметот не бил рефериран во републичкото јавно обвинителство, а обвинителката Катерина Коларевиќ кој ја водеше истрагата му јавила телефонски.

Според Коларевиќ не биле пронајдени доволно докази за кривично дело, ниту била утврдена штета за државата. Во услови на енергетска криза, набавката на мазут овозможила ТЕЦ Неготино да произведува струја по значително пониски цени од тие на берзите и со тоа биле избегнати рестрикции, велат од обвинителството.

Истрагата беше отворена по кривична пријава на МВР, во која се тврдеше дека преку спорните набавки е направена штета од над 167 милиони евра и постоеле сомнежи за перење пари.