Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Светиот архијерејски синод го разреши досегашниот администратор на Австралиско-новозеландската епархија г. Петар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светиот архијерејски синод го разреши досегашниот администратор на Австралиско-новозеландската епархија г. Петар и за нов епархиски архијереј го избра епископот велички г. Никола (Трајковски), со титула митрополит австралиско-новозеландски. Неговото назначување се смета од денот на изборот.

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) на денешната редовна седница во полн состав го разгледа предлогот на митрополитот г. Петар за негово разрешување од должноста администратор на Австралиско-новозеландската епархија и назначување нов епархиски архијереј.

– Светиот синод особено внимание посвети на предлогот на митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозелански г. Петар да биде разрешен од должноста администратор австралиско-новозеландски и го усвои неговиот предлог за назначување нов митрополит на Австралиско-новозеландската епархија. Светиот архијерејски синод го разреши досегашниот администратор и за нов епархиски архијереј на Австралиско-новозеландската епархија го избра епископот велички г. Никола (Трајковски), со титула митрополит австралиско-новозеландски и неговото назначување се смета од денот на изборот. Наоѓајќи се во благословен период на Светата четириесетница, го молиме Семилостивиот Бог да ја излее својата благодат врз верните чеда, та молитвено да ги поминеме преостанатите денови од великиот пост за достојно да го пречекаме светлото Христово воскресение – наведува Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.