Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Економија

„Електробус – Икарус” и австриската ЕВН ги исполнија условите од јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење

Министерството за транспорт соопшти дека во однос на јавниот повик за набавка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за транспорт соопшти дека во однос на јавниот повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 станици за полнење електрични автобуси, Комисијата составена од стручни лица, по направената евалуација утврди дека од вкупно четири понуди, три економски оператори не ги исполнуваат условите од јавниот повик и врз основа на поднесените понуди направи прелиминарен избор и поднесе предлог за избор за најповолен понудувач. 

Според направената евалуација за најповолен понудувач, избрана е заедничката понуда на унгарската компанија „Електробус- Икарус” и на австриската ЕВН кои ги исполнија условите од јавниот повик.

-„Електробус – Икарус” и австриската ЕВН ги исполнија сите услови предвидени во јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење и воедно понудија најниска цена од 19 милиони 350 илјади денари или околу 314 илјади евра по автобус што е исклучително конкурентна цена на пазарот на електрични автобуси. Согласно Одлуката, компанијата „Икарус” треба да ги достави електричните автобуси, а компанија “ЕВН” станиците за полнење. Според техничките каректеристики, меѓу другото, електричните автобуси треба да бидат со најмалку максимална моќност од 300 kW, со капацитет од најмалку 66 патници, автоматски регулиран клима уред за ладење/греење. Избраниот економскиот оператор има обврска да врши тековно одржување и поправката на сите настанати технички неисправности и да обезбеди резервни делови во следните 10 години од денот на стапување на возилата во употреба. Автобусите треба да бидат одобрени согласно Европската директива 2018/858, наведува Министерството.

Реклама

Информира и дека по склучување на договорот, најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на автобусите и станиците за полнење по следната динамика: 30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот, 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот, 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот.

По донесување одлука за избор, утврден е рок за жалба од десет дена.