Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Експертската јавност се мобилизира за да помогне со совети и конкретни предлози за поефикасно справување со корупцијата

Корупцијата го ограничува економскиот раст и креира проблеми кои негативно влијаат врз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Корупцијата го ограничува економскиот раст и креира проблеми кои негативно влијаат врз политичките текови во државата. Експертската јавност се мобилизира за да помогне со совети и конкретни предлози за поефикасно справување со едно од клучните зла кои го кочат развојот на државата. Поранешни амбасадори, министри, вицепремиери собрани на едно место заговараат решенија кои би се имплементирале во соработка на политиката и граѓанскиот сектор. Клучниот чекор е изборот на судско-обвинителскиот за кој сметаат дека треба да претрпи промени, односно да има поголемна контрола од страна на граѓанскиот сектор:

„Наша надеж е дека ќе ја отвороиме темата на еден поинаков начин, поинвентивен од минатото. Воедно да најавам дека покрај овој настан кој што е општ, ќе имаме уште еден конкретен настан каде што ќе предложиме конкретни реформи во почитичкиот систем и во делот на делувањето на државните институции со цел да се ограничи просторот за корупција, а и со цел да се валоризира гласот на граѓанинот“, рече Ивица Боцевски, поранешен амбасадор.

Поранешниот министер за финансии Кирил Миновски вели дека борбата против коурпцијата треба да започне од највиоските кругиви на власта, но потребна е визија и за добро управување.

Реклама

„Ќе говороиме и за добри практики на добро управување кои се имплементирани во различити држави кој што дале позитивни резултати, како од аспект на сузбивањето на корупцијата така и од аспект на поттикнувањето на реформите во општеството и економскиот раст и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните“, смета Миновски.

Според професорот Миодраг Лабовиќ, корупцијата не е проблем само во Македонија, туку е и глобален проблем, но некако во Македонија се добива впечаток дека нема интерес да се најде решение. Според него, потребно е менување на правилата за избор на судии и обвинители, и обид за целосна независност. Сегашниот начин на избор на судскискиот и обвинителски совет и бирање Уставни судии премногу зависи од политчките партии, а нема контролен механизам од страна на граѓанскиот сектор.