Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Експертите ја поздравуваат владината мобилизација во делот на економијата

Меѓудржавните средби организирани на највисоко ниво, се одлична можност за развивање на економската соработка и продлабочување на бизнис конекциите. Затоа и последната организирана Б2Б средба на македонски и турски стопанственици, во присуство на највисоките функционери на двете земји, наидува на одобрување и пофални зборови. –Генерално добри се секогаш овие средби кога станува збор на екомоски […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓудржавните средби организирани на највисоко ниво, се одлична можност за развивање на економската соработка и продлабочување на бизнис конекциите. Затоа и последната организирана Б2Б средба на македонски и турски стопанственици, во присуство на највисоките функционери на двете земји, наидува на одобрување и пофални зборови.

–Генерално добри се секогаш овие средби кога станува збор на екомоски план да се зајакне соработката со пријателски земји, кои многу инвестираат во Македонија, но фокусот не би требало да биде само на една земја, туку фокусот да биде на високоразвиени држави, кои имаат високо-технолошки развиени компании кои би инвестирале во Македонија – изјави аналитичарот Синиша Пекевски.

Пред настапот на Бизнис форумот во Истанбул, македонската влада организираше слични средби со функционерите и бизнисмените од Унгарија, Австрија и Хрватска. Пекевски смета дека тоа се мошне охрабрувачки потези за развојот на економијата, но вели и дека државата мора ревносно да се справи со корупцијата и криминалот, кои можат имаат мошне штетно влијание при обидите да се привлекуваат директни странски инвестиции.

Реклама

–Логичен чекор е државата да си ја заврши домашната работа, а додека не ја заврши работата не можеме да бараме инвестиции. Се додека не ги решиме криминалот и корупцијата кои владеат во Македонија, особено во судскиот систем каде довербата е на нула, бидејќи прво нешто што бараат странските компании е стабилен економски систем, но и нула толеранција кон криминалот и корупцијата, вели Пекевски.

На форумот во Истанбул, македонската делегација беше предводена од премиерот Христијан Мицкоски, кој на Турција ѝ ја претстави македонската економија заедно за заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Во владината делегација беа присутни и заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, како и директорот на Технолошко-индустриските развојни зони Гоце Димовски

Покрај високи владини претставници, на форумот се присутни и бројни стопанственици и инвеститори од двете земји, а фокусот е ставен на продлабочувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена, привлекување на нови инвестиции, унапредување на инфраструктурното поврзување, енергетската соработка и развојот на заеднички проекти од стратешко значење.

Срѓан Ивановиќ