Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Експерти: Засилената диманика во инфраструктурата ги движи работите во вистинска насока

Засилената динамика во изградба на крупните инфраструктурни проекти ќе придонесе за раст…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Засилената динамика во изградба на крупните инфраструктурни проекти ќе придонесе за раст на економијата, поврзување на Македонија со европските држави, раздвижување на градежништвото како гранка. Македонија е природна крстосница на коридорите 8 и 10 како главни патни артерии и токму затоа изградбата на двата коридора е од клучно значење не само за граѓаните кои живеат во Македонија туку и за оние кои би транзитирале низ државата. Експертската јавност гледа повеќе бенефити во владината стратегија и очекува таа да обезбеди и поголема безбедност на патиштата

Напредокот во изградба ќе овозможи подобра комуникација и на Македонија не само со соседите туку и со останатите европски држави

Ќе публицира и со зголемен транспорт не само оној транспорт кој е само во Македонија туку и транспортот низ нашата држава од други држави…. ќе придонесе и за зголеми на безбедноста на останатите патишта, вели Горан Мијоски професор на градежен факултет

Реклама

По повеќегодишен застој, засилена динамика е видлива и на автопатот Кичево – Охрид. Според податоците кои ги имаат во градежниот факултет надминати се проблемите со асвалтот и се работи на надминување на предизвиците со свлечиштата. Доколку продолжи ваквата динамика реални се очекувањата дека ќе има функционален автопат до 2026 година како што се најавите од Владата

Целиот градежен факултет е активиран. Се гледа на терен засилување на активностите имам информации… да имаше проблеми со асвалтот ги надминавме , во изминатите 2-3 седмици 11 километри асвалтирани се со завршен слој на асвалтот. Верувам дека и проблемите со свлечиштата според информациите се работи на нови проекти со цел да се подобрат овие косини и да имаме функцаионален автопат до 2026, вели Професор Мијоски.

Она што останува да се заокружи е експропијацијата која за разлика од претходно, сега се реализира паралелно со градежните активности. Директорот на Јавното преприпјатие за државни патишта најави дека на ова интензивно се работи и најави дека до крајот на годината треба да заврши постапката за сите предмети во делот на коридорот 8

Инаку, Минатиот месец стартуваше изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани која е дел од коридорот 8 на западот од државава која што практично ќе биде и најтешката траса од коридорот. Со завршување на овој автопат и со завршување на Кичево – Охрид од главниот град до најголемиот туристички центар во Македонија ќе се патува за околу час и половина. Најтешко за изградба и според професорите од градежниот факултет ќе  биде делницата Букојчани – Кичево, за која министерот за транспорт кажа дека е во фаза на претселекција на изведувач. Делниците од Коридор 8 треба да бидат готови до 2028 година.

На Југозапад пак се интензивираат работите на автопатот Прилеп – Битола кој е дел од коридорот 10 Д , треба да биде готов за три години, односно до 2027.