Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Експерти: Војната на Блискиот Исток нема да заврши наскоро

Војната на Блискиот Исток нема да заврши наскоро, последиците ќе ги чувствува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Војната на Блискиот Исток нема да заврши наскоро, последиците ќе ги чувствува целиот свет. Според домашните безбедносни аналитичари, овој конфликт не е изолиран инцидент, туку дел од поширока стратешка пресметка што трае со децении. Директниот судир меѓу САД и Иран носи неколку сериозни ризици – дипломатски и глобални економски притисоци.

„Ако е крајната цел да се смени режимот во Техеран и да се уништат капацитети, не би рекол, не сум оптимист дека ќе заврши брзо… таков режим да се смени во краток рок“, изјави Зоран Додевски, пензиониран армиски полковник.

„Ако они почна да напаѓаат каде што има нуклеарно оружје за збогатување на ураниум… ако напаѓале резиденцијата на лидерот на државата, тоа ни е порака дека режимот мора да падне. Не одговара на САД долгорочно војување… Трамп кажа јасно – еве им шанса да ја преземат власта“, изјави Раби Седрак, директор на Институт за меѓународни стратегиски и безбедносни студии.

Реклама

Според новинарот Дејан Андоновиќ, намерата на американскиот претседател Доналд Трамп кон Иран е јасна – целосно запирање или строго ограничување на иранската нуклеарна програма, слабеење на воените капацитети на Техеран и создавање услови за политички промени во земјата.

„Трамп е свесен дека долга војна или копнена инвазија врз Иран е невозможна… веројатно ќе оди на некоја брза победа… да се обиде да ѝ покаже на меѓународната јавност дека завршил работа“, изјави Дејан Андоновиќ, новинар.

Експертите предупредуваат дека ако има продлабочување на судирот меѓу САД и Иран, тоа индиректно ќе влијае и врз Македонија, пред сè од економски аспект. Можни се зголемување на цените на горивата и инфлаторни притисоци.