Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Експерти: Смислено сценарио е тоа што најмалку 100.000 граѓани нема да може да гласаат

Смислено сценарио и предизборен инжинеринг е тоа што најмалку 100.000 граѓани нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Смислено сценарио и предизборен инжинеринг е тоа што најмалку 100.000 граѓани нема да може да си го остварат правото на глас на претстојните избори бидејќи немаат валидни документи. Според универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски, сето она што мислевме дека е резултат на неспособност и неажурност, се испостави дека е контролирано од определени структури во владејачките партии за да го минимизираат неизбежниот пораз.

Дефинитивно дека се работи за број на гласови со кој лесно може да се манипулира, и сето она за кое мислевме дека е резултат на неспособност, неажурност, незнаење на претходната власт сепак се работело за некое смислено сценарио бидејќи она што беше презентирано од министерот за внатрешни работи, дека се работи за 100 000 гласови кои нема да може да бидат дадени во текот на изборите укажува на тоа дека самиот изборен процес би бил компромитиран, тој уште сега е компромитиран, а да не зборуваме кога ќе почне – вели универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски.

Тоа што власта не гласаше за законот за продолжување на важноста на пасошите, и со тоа да им се помогне на граѓаните кои немаат лични карти, да гласаат со пасоши, покажува дека владејачките партии го доведуваат во прашање фер и демократскиот карактер на изборите.

Реклама

Секако можеше да помогне законот за пасоши но проблемот е, дали оние кои ја замесија целата работа и го создадоа тој хаос,дали сакаат тоа да се реши со оглед на тоа што се работи за хаос кој е контролиран од определени структури во власта кои сакале токму ова да се случи со оглед на анкетите кои ја покажуваат предноста на опозициската партија и токму со овој број на гласови кој е исклучително висок лесно може да се манипулира и да се доведе во прашање фер и демократскиот карактер на изборите во април и мај додаде професорот Јанкуловски.

Правото на  глас нема да може да го остварат ниту голем број од нашинците во странство, ниту лицата кои месецов ќе наполнат 18 години а претходно не извадиле лична карта или имаат пасош со „Република Македонија“.