Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Експерти: Истрагата за „Пулс“ е сериозна, сеопфатна и неселективна

Истрагата за трагичниот пожар во кочанската дискотека досега ги опфати сите инволвирани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истрагата за трагичниот пожар во кочанската дискотека досега ги опфати сите инволвирани во два посебни случаи кои ги води обвинителството. Познавачите на став дека обвинителите се откажале од кривично гонење на дел од осомничените со причина – односно не собрало доволно докази за да ги товари во судска постапка. Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓучески вели овој пат истрагата е сеопфатна за разлика од претходните за Ласкарци, пожарот во модуларната болница како и за Беса Транс. Причините според поранешниот началник е политичкиот обрач кој со години не го ослободувало обвинителството во своите постапки.  

  • Ова е прв пат во Македонија да се преземе ваква стручна истрага, во споредба со модуларната, со Беса транс, каде што ништо не се преземаше од страна од ЈО затоа што врз ЈО имаше енермно политичко влијание..“ изјави Љубомир Ѓурчески.

Според Ѓурчевски, празни се обвинувањата дека има селективност во истражните дејствија бидејќи истрагата во повеќе наврати се прошируваше и ги опфати сите со индиции за вина за трагичниот пожар.

  • Не можам да сфатам зошто опозицијата толку ревносно се труди да бара некаква одговорност таму каде што ја нема одговорноста. Доколку они се сомневаат во некакви незаконитости во истрагата или изземање на лица од обвинителниот акт без образложение, тогаш одговорноста нека си ја бараат во јавното обвинителство“ вели Ѓурчевски.  

Обвинителството минатата недела го поднесе првото обвинение за трагичниот пожар во кочанската дискотека кое опфати 34 луѓе и три фирми. Обвинителството бара пред судот ќе докажува дека со години наназад се кршеле закони, се прикривале неправилности и се дозволувало објектот да функционира, иако не ги исполнувал ниту минималните услови за безбедност.

Реклама

Сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов, неговиот брат и синот; архитектка, тројца градоначалници на Кочани, тројца општински градежни инспектори; управителот на Агенцијата за обезбедување и 4 обезбедувачи; 4 директори на ДЗС, двајца поранешни министри за економија Бектеши и Сарачини;  екс државната секретарка Чекиќ-Дуровиќ; 5 вработени во министерството и 4 пазарни испектори се дел од обвинетите за „тешки дела против општа сигурност“.  

13-мина кои беа опфатени во истрагата не се дел од обвинението. Еден е починат, членот на ДНК Владимир Блажевски се уште е на лекување а за 11 мина истрагата се запира затоа што засега нема доволно докази. Меѓу нив се и поранешните двајца директори на ДПИ Трајковски и Симеска-Димоска Истрагата запира и за поранешни министри за економија Дритон Кучи и Беким Незири, а продолжува за реалниот газда на Агенцијата за обезбедување. Втората истрага ја води ОЈО за ГОКК, опфаѓа 20-тина полициски началници и служеници од Кочани и Штип.