Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Прилози

Екс директорите на Онкологија Нино Васев и Нехат Нухи одат зад решетки – Апелација им го укина куќниот притвор

Екс директорите на Онкологија Нино Васев и Нехад Нухи одат зад решетки.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екс директорите на Онкологија Нино Васев и Нехад Нухи одат зад решетки. Апелација им го укина куќниот притвор  и им определи мерка ефективен притвор во траење од 30 дена. Ова е одлуката по јавната седница која се одржа во судот по  жалбите од ОЈО за одлуката на кривичен.

Од судот информираа дека мерката куќен притвор за Васев и Нухи е укината поради постоење основано сомневање за злоупотреба на службената положба, измама во службата и проневера во службата. Инаку обвинителството побара ефективен притвор бидејќи ценело дека постоела опасност од бегство.

„Колку што е поизвесно соочувањето со можноста за осуда на ефективна казна затвор, така и се зголемува опасноста од бегство, дополнително бевте присутни на самата јавна седница и слушнавте некои наводи кои што пак ќе потенцирам наводи на одбраната, дека наводно им било повредено правото на одбрана пред основното јавно обвинителство во Скопје, преку неовозможување на изведување на докази, токму од тие причини дадов појаснување што претставува истражна постапка, според законот за кривичната постапка што прави јавниот обвинител во таа фаза, а тоа е прибирање, а не изведување на доказен материјал“, изјави Фатиме Фетаи, виш јавен обвинител.

Реклама

Според одбраната, Васев соработувал цело време со iстражните органи откако почна беше откриена аферата „ Онкологија“ a одговарал и на прашања од пратениците во рамки на анкетната собраниска комисија. Адвокатот Никола Ставрев посочи дека притворот кој му е одреден на Васев е неоснован и незаконски. Тој вели дека барале јавна седница, со цел и судот да се запознае со предметот што се води против осомничениот. Според одбраната, Васев досега немал можност да се брани

„Обвинителството го заснова барањето врз обем на докази што немаат вистинска тежина. Васев не е бегалец, туку пензионер, татко и досега неосудуван граѓанин кој свесно се соочува со постапката…. Уште од самиот момент кога излезе аферата, осомничениот се даде во целосна соработка и истрагата што се води. Со таа цел присуствуваше и на анкетната комисија во Собрание и даде исказ за неоснованите обвиненија за кои се става на тапет. Активно учествуваше и во истражната постапка и даде два искази и одбранатa самата обезбедуваше докази“, изјави Никола Ставрев – адвокат

Васев пак порача дека бара чесно судење и дека останува на наводите на жалбата

Барам чесно судење, сакам да се бранам во постапката и да се бранам од слобода…. изјави Нино Васев – осомничен.

Во случајот со Онкологија поднесени се две обвиненија. Едното е за економското работење на клиниката, а второто со кое се гонат и лекари онколози од клиниката, се однесува за третманот на пациентите. На 29 пациенти им било давано несоодветна терапија, додека пак на 16 им се давало терапија која воопшто не им била потребна.