Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Македонија

ЕКРИ: Делумна имплементација на препораките за бездржавјанството, потребна е финансиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител 

Европска комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) заклучува дека Македонија делумно ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европска комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) заклучува дека Македонија делумно ја имплементирала препораката за решавање на проблемот со личните документи и матичните броеви на Ромите кои немале доволен доказ за идентитет, додека не ја спровела препораката да им се даде финансиска автономија на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и на Канцеларијата на Народниот правобранител. 

Нацрт заклучоците на ЕКРИ за имплементацијата на овие две конкретни препораки за Македонија се однесуваат на случувањата до 24 јули 2025 година, кога е примен одговорот од македонските власти на барањето на ЕКРИ за информации за преземените мерки за спроведување на препораките од 3 декември 2025 за привремено следење. 

Во извештај за Македонија (шести циклус на следење) објавен на 20 септември 2023 година, ЕКРИ препорача властите да им дадат финансиска автономија на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и на Канцеларијата на Народниот правобранител за користење на нивните буџети без да мора да бараат одобрение од Министерството за финансии.

Реклама

ЕКРИ заклучува дека оваа препораката не е спроведена. 

– ЕКРИ не добила никакви информации од властите или други извори што укажуваат на промени во врска со барањето Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Канцеларијата на Народниот правобранител да бараат и добиваат одобрение од Министерството за финансии пред да можат да ги користат своите буџети. ЕКРИ е информирана дека се планирани измени на Законот за Народниот правобранител, кои, меѓу другото, имаа за цел да го решат и ова прашање во однос на институцијата Народен правобранител, но овие измени сè уште не се усвоени од Парламентот. Според тоа, отсуството на финансиска автономија продолжува. Ова е исто така особено загрижувачко со оглед на општата состојба на институцијата, која во моментов се карактеризира со недоволен буџет и фактот дека само 85 од 183 работни места се пополнети – се вели во нацрт заклучоците на ЕКРИ. 

Во втората конкретна препорака ЕКРИ препорача властите да ги решат долгогодишните проблеми во врска со личните документи и матичните броеви за претходно идентификуваните Роми, кои немале доволен доказ за идентитет по независноста на Македонија.

ЕКРИ смета дека препораката е делумно имплементирана.

Европска комисија против расизам и нетолеранција, посочува дека добила информации од властите дека Законот за лица кои не се регистрирани во матичната книга на родените и измените на Законот за граѓанскиот регистар, се значајни чекори преземени кон решавање на прашањата поврзани со групата Роми наведени во препораката на ЕКРИ. Дополнително, Парламентот усвои измени на Законот за лични карти и Законот за пријавување на живеалиште, кои исто така можат да го олеснат овој процес. Понатаму, на почетокот на 2025 година, во Парламентот на земјата беше повторно формирана Меѓупартиската парламентарна група за правата на Ромите, чија цел е да се справи со прашањата поврзани со бездржавјанството и лицата без лични документи. 

-Како резултат на тоа, според информациите добиени од ЕКРИ, од приближно 700 претходно идентификувани Роми кои немале доволен доказ за идентитет по независноста на Северна Македонија, големо мнозинство го регулирале својот статус – главно со тоа што добиле државјанство на Македонија – и затоа повеќе не се исклучени од пристап до образование, вработување, јавно здравствено осигурување и исплати на социјална помош. Сепак, според властите, како и други извори, остануваат околу 160 лица кои сè уште не го регулирале својот статус и за кои постапката е во тек. Властите ѝ посочија на ЕКРИ дека предвидуваат и овие случаи да бидат решени. Во светлината на неодамнешните целокупни успеси на властите во борбата против бездржавјанството, ЕКРИ верува дека ова ќе се направи без понатамошно одложување – се вели во нацрт заклучоците на ЕКРИ. 

Привременото следење во однос на овие две специфични препораки ЕКРИ го обнови како дел од шестиот циклус на мониторинг работа. Во рамки на мониторингот ЕКРИ до засегнатата влада испраќа прашања што е преземенао во однос на специфичните препораки за кои е побарано приоритетно следење, а во исто време и сама собира релевантни информации. Потоа, врз основа на овие информации и одговорот од Владата, ЕКРИ ги составува своите заклучоци за начинот на кој се спроведени нејзините препораки. 

Треба да се напомене дека овие заклучоци се однесуваат само на специфичните привремени препораки за следење и немаат за цел да обезбедат сеопфатна анализа на сите случувања во борбата против расизмот и нетолеранцијата во засегнатата држава.