Македонија бележи скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година на етаблираниот ЕКОНОМИСТ.
Годинава земјава се искачи на 62 место, а зад нас од регионот останаа Србија, Албанија и БиХ. Србија е на 64-тото место, Албанија на 66-место, а БиХ на 88-мо место. Пред нас од регионот се најдоа Грција на 25-то место, Црна Гора на 50-тото место, Хрватска на 56-то место, а едно место пред нас се најде Бугарија, односно на 61 позиција.
Во 2023-та и 2022-та Македонија се наоѓаше на 72-то место на листата на еминентниот „Економист“ во однос на Индексот на листата за демократија. Први на листата се Норвешка и Нов Зеланд, последен на 167-то место е Авганистан.
