Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

ЕК најави 171 милион евра поддршка за инфраструктурата и за приватните бизниси на Западен Балкан

Европската комисија денеска најави пакет-поддршка од 171 милион евра за поттикнување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската комисија денеска најави пакет-поддршка од 171 милион евра за поттикнување на развојот на инфраструктурата и растот на приватниот сектор во земјите од Западен Балкан, меѓу кои и за подобрување на системот за пренос на електрична енергија и за изградба на енергетски ефикасни образовни објекти во земјата.

Новиот пакет за поддршка, како што соопшти ЕК, вклучува инвестиции од разни извори од ЕУ за финансирање проекти во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, насочени кон зајакнување на одржливиот раст и на регионалнате поврзаност на Западен Балкан.

Од вкупната сума на средства, 91,8 милион евра се наменети за инфраструктурни проекти во четирите земји, кои се очекува да мобилизираат вкупно 263 милиони евра инвестиции во седум проекти во дигиталната сфера, чистата енергија, човечкиот капитал, транспортот и животна средина.

Реклама

Клучните проекти од овој пакет вклучуваат подобрување на македонскиот систем за пренос на електрична енергија, изградба и енергетски ефикасно реновирање на образовни објекти во Македонија и Црна Гора, електрификација на железничката линија Драч – Тирана и имплементација на широкопојасна инфраструктура во Албанија и реализација на проект за третман на вода за пиење и отпадни води во Босна и Херцеговина.

Покрај тоа, 2,9 милиона евра се доделени и за четири проекти за техничка помош во Албанија и Босна и Херцеговина насочени кон поддршка на идните инвестиции во секторите енергетика, вода, иновации и истражување.

– Овие проекти ќе ги спроведуваат партнерите од Западен Балкан заедно со меѓународни финансиски институции – наведе ЕК.

Дополнително, 76,3 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на приватниот сектор во регионот, првенствено за реализација на неколку програми за помош на малите и средните претпријатија од Западнт Балкан, како и за зајакнување на капацитетите во јавно-приватното партнерство во Босна и Херцеговина.

Како што најави Европската комисија, имплементација на проектите ќе може да почне кога тие ќе бидат одобрени од страна на оперативниот одбор на инвестициската рамка за Западен Балкан.

– Ова вклучува финализирање на потребните договори со партнерските институции и корисници, почнување подготвителни студии за активности за техничка помош и завршување на процедурите потребни за да се овозможи имплементација на проекти од приватниот сектор. Кога ќе се завршат овие процеси, може да почне имплементацијата на поддржаните инвестиции – се додава во соопштението.

Според еврокомесарката за проширување Марта Кос, инвестирањето на ЕУ во партнерите од Западен Балкан е клучно за нивно приближување кон Унијата.

– Повеќе од две години од усвојувањето на планот за раст за Западен Балкан, работиме, вклучително и преку инвестициската рамка за Западен Балкан, на претворање на обврските во дела. Од унапредување на инфраструктурата до подобрување на развојот на бизнисот, овие инвестиции создаваат реални можности за граѓаните и ја прават ЕУ реалност што се живее во целиот регион – заклучи Кос по повод најавата на новиот пакет за поддршка.